22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИYahoo планира продажба на својот удел во Yahoo Japan за 9 милијарди...

Yahoo планира продажба на својот удел во Yahoo Japan за 9 милијарди долари

yahoo-japan-logo222

Американскиот технолошки концерн „Yahoo“ објави дека има намера да се раздели со својот удел во „Yahoo Japan“, чија вредност може да достигне речиси 9 милијарди долари пред оданочување – вест која ги турна нагоре акциите на технолошкиот гигант.

Интернет компанијата вработува консултанти, за да помогнaт да се проценат можностите за разделба со овој удел, соопшти главниот извршен директор Мариса Мајер пред инвеститорите за време на конференцискиот повик во вторникот. Тоа нема да вклучува планирано одвојување на делот во кинеската „Alibaba Group Holding“, додава таа.

Инвеститорите ја поттикнуваат Мајер да се раздели со „Yahoo Japan“, откако во јануари таа најави дека планира да го продаде уделот во „Alibaba“. Вредноста на средствата во кинескиот гигант би можел по проценките на експертите да достигне вредност од 40 милијарди долари.

Yahoo“ поседува околу 35% од „Yahoo Japan“, која има пазарна вредност од речиси 25 милијарди долари на Токиската берза. Јапонската интернет компанија „SoftBank“ е најголем акционер со околу 36 отсто, според податоците на „Thomson Reuters“.

Во минатиот месец акционер во „Yahoo“, „Starboard Value LP“ соопшти дека одделувањето на дел од акциите во Alibaba е „добар прв чекор“, но повика „Yahoo“ да управува со својот удел во „Yahoo Japan“ по оданочување ефективен начин. Бордот на директори не сакаше да коментира за темата за „Ројтерс“ во вторникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП