25 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 21.04.2015

Дневен хороскоп 21.04.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Имате премногу очекувања од некое лице кое всушност ништо не ви ветило. Ќе бидете разочарани од семејните проблеми, но брзо ќе ги решите. Не ги откривајте вашите најинтимни тајни пред пријателите, нема да бидете подржани од никој. Сакате забава и разонода, оставете го тоа за некој поповолен период.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денот ќе ви биде исполнет со смеа и изненадувања, работните обврски ќе ги извршувате брзо и дури ќе можете и порано да го напуштите работното место. Во семејството исто така ќе владее хармонија. Ве очекува изненадување кое ќе ви го промени животот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Потрудете се да остварите добра соработка со другите, немојте да се нервирате за тоа кој што зборува. Секако, ако постои начин да го израдувате партнерот направете го тоа, не дозволувајте се да се врти околу вас. На работа одлучете кои работи ќе ги работите. Не нервирајте се ако не можете се да постигнете, денес направете план за следната недела.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе си ја цените слободата и нема да дозволите кој било да ве ограничува и принудува да следите туѓи планови. Денес ќе ги раширите своите крилја и ќе летнете во потрага по забава. Благодарение на Месечината, ќе бидете расположени за дружење без крај. Каде и да одите, ќе наидувате на познаници кои ќе ги заразувате со позитивната енергија.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во своето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се – и тоа наскоро ќе се реши. Договорете средба со пријателите кои одамна не сте ги виделе, разговорот со нив ќе ве израдува.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Постојано провоцирате и се обидувате да направите кавга во која лицата околу вас ќе се издадат што мислат. Ве мотивираат погрешни нешта, поради кои во иднина ќе имате проблем. Финансиската ситуација која веќе е сложена во блиска иднина ќе биде уште потешка, бидејќи постои можност да ја загубите работата.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Постои опасност да се скарате со некоја драга личност, затоа не претерувајте туку послушајте го нејзиниот совет. Ќе се влучите во некоја организација во која ви претстои успех како во полето на кариерата така и во љубовта. Можно е да отпатувате на неколку дена, остварете контакти со вашите поранешни соработници.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ви претстои поволен период за релаксација и опуштање. Уживајте во убавите мигови и соберете сила за работа. Ќе бидете повикани на некој настан, каде ќе се сретнете со многу интересни лица кои ќе ви остават силен впечаток. Не размислувајте за проблемите, за се постои решение.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Го менувате предметот на интерес, преокупирани со нови интересни содржини. Се обидувате нешто од наученото да примените во пракса и тоа со цел за подобро да функционирате. Бидејќи не сакате да ви недостасуваат основни работи, потрудете се да ги подобрите животните услови. Неуморни сте.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Доаѓаат многу нови работи и сега не знаете како да реагирате. Не плашете се да поставувате прашања. Ќе ви биде многу полесно доколку сте подготвени и кога имате повеќе информации, па затоа прашајте ги луѓето што се околу вас. Нема да можете да изберете што сакате, а што не. Подгответе се за нови нешта.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Промените се на чекор од вас, но сепак немате доволно информации кои ќе ги донесат промените и затоа не знаете дали треба да се радувате. Важно е да знаете што добивате од овие промени кои следат. Можеби нема целата работа да функционира на начинот на кој сакате. Меѓутоа, многу нешта може да бидат онака како што сакате, ако работите напорно и доволно.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Доаѓа до позитивна трансформација во вашиот начин на размислување и прифаќање на целокупната животна ситуација. Потполно сте подготвени за поголеми промени, ви се враќа оптимизмот и движечката енергија. Обидете се да го прифатите здравиот начин на живот, јадете здраво и вежбајте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП