28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСлавење 50 години од Муровиот закон: Што може да се направи, може...

Славење 50 години од Муровиот закон: Што може да се направи, може и да се надмине

gm

Денес се одбележува 50-годишнината од Муровиот закон, неискажан договор меѓу електронската индустрија и светската економија кој инспирира инженери, иноватори и претприемачи да се размислува за се’ она што е можно. Законот на Мур им овозможува на поголемиот дел од современите иновации –„wearable” технологија, геномско секвенционирање, паметни градови-и им помага на индустриите да се справат со навидум нерешливите проблеми како и претворање на фантастични идеи во профитабилни бизнис потфати. Што ќе содржат наредните 50 години?

Три години пред да ко-основањето на Интел, Гордон Мур забележал дека транзисторите – фундаменталните градбени блокови на микропроцесорите и дигиталното доба – ќе чинат се помалку и ќе се зголемуваат нивните перформанси експоненцијално. Во 1965год. тој не можел ни да претпостави како оваа идеја ќе го промени светот, дека ќе биде позната како „Муров закон“ и ќе ја води технологијата најмалку, наредниот половина век.

mmg

 

  • АВТОМОБИЛИ:
    • Ако потрошувачката на гориво кај автомобилите се подобрува на овој начин, лесно би можеле да ја возиме целиот живот на само еден резервоар. Нов автомобил, во Вашите четириесети? Можеби би бил потребен само четвртина резервоар?
    • Со темпото со кое се намалуваа транзисторите, Вашиот автомобил би бил со големина на мравка. Би можеле да ги чувате резервните гуми во Вашиот џеб.
  • ГРАДЕЖНИШТВО:
    • Ако еден облакодер ја намалува цената по Муровиот закон, една личност би можела да го купи за помала цена од денешниот персонален компјутер. Суперкомпјутер во вашиот луксузен апартман? И, ако облакодерот ја зголемува висината по Муровиот закон, тој би бил 35 пати повисок од Монт Еверест.
    • Ако цените на куќите се намалуваа како цените на транзисторите, една личност би можела да купи куќа за цена колку парче слатки. Слатко!
  • ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ:
    • Аполо вселенскиот програм за месечината чини 25 милијарди долари. Ако цените се намалуваа по Муровиот закон, денес овој програм би чинел отприлика колку мал приватен авион.
    • Патување до месечината во 1969 год. беше три дена. Ако Муровиот закон се однесуваше на вселенско патување, за овој пат денес би Ви требала една минута.
    • Летот од Нов Зеланд до Њу Јорк би траел помалку од времето потребно да го врзете сигурносниот појас. Нема кикиритки на овој лет?

 

Многу уреди што секојдневно ги користат луѓето се напојувани од микропроцесори направени од транзистори. Како што овие уреди чинат драстично се помалку, а нивните перформанси истовремено се зголемуваат, благодарение на Муровиот закон, тие станаа незаменлив дел од нашите животи. Телефоните и часовниците станаа „smart”, автомобилите се претворија во компјутери.

  • Доколку Андроид** телефон базиран на Интел бил направен со користење на технологијата од 1971 година, микропроцесорот на овој телефон би бил голем колку едно паркинг место. Пробајте да направите „селфи“ со него.
  • Споредено со првиот Интелов микропроцесор, Интел 4004, денешните процесори испорачуваат 3,500 пати повеќе перформанси; 90,000 пати се поефикасни и чинат 1/60,000 помалку.

 

Муровиот закон е аспирација, не закон на природата. Тој е овозможен од армија на луѓе, кои ги туркаат фундаменталните закони на физиката. Денес, фабриките на Интел произведуваат преку 10 милијарди транзистори секоја секунда кои напојуваат извонредни уреди што ги исполнуваат потребите на милијарди луѓе низ светот.

 

  • Првите транзистори за полупроводници беа со големина на гума од крајот на моливот. Како резултат на Муровиот закон, повеќе од 6 милиони денешни транзистори со три порта можат да се соберат во точката на крајот од оваа реченица.
  • Денешните транзистори се невидливи за голото око. За да видите еден транзистор, треба да го зголемите типичниот чип до големина на куќа.

 

Денес, духот на иновација поттикнат од Муровиот закон продолжува да ја трансформира не само технолошката индустрија, туку и светот. Младите девелопери, вредните инвентори, надежните научници и доктори, како и безброј други продолжуваат да го вчудоневидуваат светот со идеи и достигнувања што денес не можеме ни да ги замислиме.

ma

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП