ПочетнаИНТЕРЕСНОФерги го спасува Данфермлајн

Ферги го спасува Данфермлајн

fergiskotska1

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед договори пријателска средба со Данфермлајн пред почетокот на следната сезона. Дуелот ќе се игра на стадионот на шкотскиот клуб, а сите средства ќе одат за отплата на долговите на клубот кој е загрозен од банкрот.

Ветувањето за учество на “црвените ѓаволи” на натпреварот дојде специјално од менаџерот на тимот Сер Алекс Фергусон.

Во периодот 1964-67 година Фергусон го носеше дресот на Данфермлајн. Прославениот менаџер вети дека Манчестер Јунајтед ќе игра на пријателскиот натпревар со најсилниот состав за да се соберат повеќе гледачи и со тоа да се помогне на клубот.

fergiskotska

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП