16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовото лице на Seat Alhambra (фото)

Новото лице на Seat Alhambra (фото)

alhambra

Мултифункционалното возило „Seat Alhambra“ помина низ темелна модернизација, а на пазарите ќе биде достапно од почетокот на ова лето.

„Seat Alhambra“ е базиран на „Volkswagen Sharan“, кој неодамна исто така доби редизајн. Слично на моделот на германската марка, шпанскиот автомобил добил ревидиран екстериер и ентериер, нови опции, поекономични мотори и дополнителни системи за безбедност.

alhambra1

Од официјалните фотографии, станува јасно дека надворешноста на „Alhambra“ добила мали, но сепак видливи новини, исполнети во стилот на најновиот дизајн на „Seat“. Првите светла се „LED“, решетките кај ладилникот веќе се хоризонтални, а одзади стоп-светлата имаат нов дизајн.

Внатрешноста исто демонстрира минимални измени кои го опфаќаат управувањето на климата, инструмент таблата и понудените тапацири и декоративни елементи.

alhambra2

Поголемите новини се кај палетата од мотори, која веќе целосно ја покрива нормата „Евро6“ и е до 15% поекономична од порано.

Основниот дизел мотор е 2,0 „TDI“ со 115 КС, а троши во просек по 4,9 л / 100 км, покажуваат информациите од „Seat“. Системот на мотор со зафатнина од 2,0 литри е достапен во уште две верзии – со 150 КС и со 184 КС. Бензинските мотори се „TSI“, нудејќи моќност меѓу 150 и 220 КС

alhambra3

Сите мотори со исклучок на основниот дизел можат да бидат споени со трансмисија „DSG“. Достапен е и системот за погон на четири тркала „4Drive“ кој се нуди за моделот со дизел мотор со моќност од 150 КС.

Во однос на опремата, новиот „Seat Alhambra“ ја нуди следната генерација на инфо-системот „Easy Connect“, а системот за автоматско активирање на сопирачките при неопходност е стандардна опрема. Со доплата се нудат системот за следење на мртвите зони на ретровизорите, седишта со функција за масажа и друго.

alhambra4

Реновираниот „Seat Alhambra“ ќе се појави на пазарите во почетокот на ова лето. Компанијата ќе започне да прима нарачки во почетокот на месец мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП