10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајмалиот кросовер на BMW ќе чини 24.000 евра

Најмалиот кросовер на BMW ќе чини 24.000 евра

urban c

„BMW“ ќе пушти на пазарот нов компактен кросовер, кој ќе го носи името „Urban Cross“ и ќе се распореди под „X1“ во палетата на брендот. Според изданието „Auto Motor und Sport“ цените на моделот ќе стартуваат од 24.000 евра.

Се очекува машината да биде изградена врз основа на моделот кој се појави минатата година, „2-Series Active Tourer“. Тоа значи дека тој ќе ја користи платформата за автомобили со преден погон „UKL 1“.

Должината на кросоверот ќе биде само 4 метри, што е помалку дури и од следната генерација на моделот кој моментално се развива – „MINI Countryman“.

urban c1

Обемот на багажникот на новиот модел на „баварците“ нема да надминува 330 литри. Специјално за идниот „Urban Cross“ во „BMW“ се развива нов систем „iDrive“ со голем екран на допир.

Техничките детали за автомобилот не се откриваат, но се очекува тој да се потпира главно на 3-цилиндарски и 4-цилиндарски бензински и дизел турбо агрегати со директно вбризгување на горивото и моќност меѓу 116 и 321 КС. Се очекува овој модел да добие и хибридна верзија.

Според информациите, менувачот ќе бидат мануелен со 6 степени, но ќе има и автоматски со ист број на степени. Како опција ќе се нуди систем за погон на четири тркала „Haldex“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП