17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕУ го казнува Google со 6 милијарди долари?

ЕУ го казнува Google со 6 милијарди долари?

Google-Facing-European-Antitrust-Inquiry

Европската унија денеска ќе го обвини американскиот технолошки гигант „Google“ за злоупотреба на својата доминантна позиција на пазарот на интернет пребарувачи, тврдат „Фајненшл тајмс“ и „Волстрит џурнал“ во вчерашните изданија, соопштува „Ројтерс“.

Два извора запознаени со темата, сепак за „Ројтерс“ изјавија дека официјалното обвинение за кршење на антимонополското законодавство на ЕУ нема да биде подготвено денес и ќе се потребни уште неколку месеци за негово изготвување.

Европската унија може да наметне казна до 10 проценти од прометот, или во случајот на „Google“ – над 6 милијарди долари.

Извор на ЕУ рече дека комесарот за конкурентност Маргрете Вестагер ќе испрати денес важна порака за „Google“, откако Европската комисија ја одржа неделната средба.

Европската комисија ги истражува практиките на „Google“ од 2010-та година, откако конкурентите, како што е „Microsoft“, се жалеа на доминантната позиција на компанијата на пазарот на интернет пребарувањето.

„Google“ е осомничена дека обезбедува поволна позиција на свои услуги преку начинот на прикажување на резултатите од пребарувањата што на штета на конкуренцијата го ограничува изборот на корисникот.

„Фајненшл тајмс“ тврди дека Вестагер ќе започне истрага и за софтверот „Android“ на „Google“ за тоа дали американската компанија го злоупотребува доминантниот удел на „Android“ за рекламирање на своите услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП