27 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 15.04.2015

Дневен хороскоп 15.04.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ако имате намера денес да преземете некои акции во врска со работата, одложете ги. Особено не почнувајте ништо ново. Одложете ги плановите за некој нареден период. Идејата што ја имате, воопшто не е јасна и ќе морате повторно да размислите. Денес ќе откриете дека она што сакате да го направите има многу недостатоци, кои ќе ве вратат на почеток.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Вие вешто ги контролирате своите емоции и се трудите да излезете како победник од секоја стресна ситуација. По подолг период, денес ќе имате убав ден на работното место. Колегите ќе се занимаваат со некои свои проблеми и нема да обрнуваат внимание на вас, што вам особено ќе ви одговара.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Научени сте се околу вас да биде подредено и многу тешко ви паѓа хаосот што го гледате. Најголемиот проблем се наоѓа во вашата глава. Се чувствувате дезориентирано и сто пати се враќате на една иста работа. Како да сте ја загубиле самодовербата и секој документ морате повеќе пати да го проверите пред да им го дадете на увид на претпоставените.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Вие воопшто не размислувате за другите и не сте свесни за своите истапи во јавноста. Денес партнерот ќе ви ги предочи грешките што ги правите и можно е да ви постави ултиматум. Ако продолжите да се однесувате така, ќе останете сами. Вие не ги сакате ултиматумите, но, сепак, откако ќе размислите, ќе сфатите дека грешите и ќе ветите дека ќе го смените однесувањето.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе размислувате за тоа каква акција да преземете во врска со финансиите што ги очекувате. Ако се работи за кредит, јавете се во банка и проверете што се случува. Можно е да недостига некој документ и поради тоа процесот е стопиран. Најдобро ќе биде да комуницирате со некој шеф, затоа што службениците се преоптоварени и нема да ви обрнат внимание.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Овие денови ќе ви се најават гости. Не сте многу расположени за дружење, но не можете да избегате од ситуацијата. Се работи за луѓе кои не сте ги виделе одамна и никако нема да можете да ги одбиете. Не ни треба да ги одбивате затоа што тие ќе ви понудат помош во врска со работата. Се работи за проект кој се уште е на почеток, но вие би можеле да бидете дел од него, а тоа ќе ја подобри вашата кревка финансиска ситуација.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Имате многу добра идеја, но не сакате да ја споделите со другите затоа што се плашите од нивната реакција. Всушност, интуитивно чувствувате дека немате поддршка од колегите. За вас е најдобро да работите во тајност. Во вечерните часови ќе бидете повикани од пријатели кои не сте ги виделе уште од училишните денови.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Голем дел од проблемите се зад вас. Имате уште некои помали работи што треба да ги завршите за конечно да можете да здивнете. Затоа овој ден ќе го поминете во пријатна и опуштена атмосфера со саканата личност. Може да се случи и да отпатувате некаде каде што ќе можете да заборавите на се.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Овие денови може ненадејно да отпатувате во странство. Претпоставените одамна ве држат во неизвесност во врска со тој пат и вие веќе се откажавте. Цел ден ќе го поминете во подготовки, затоа што се работи за некои нови почетоци кои и се многу важни на фирмата. Освен она што ќе го спакувате за лични потреби, особено внимание посветете им на документите што треба да ги носите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес размислувате да воведете некои новини во домот. Тоа по обичај, на домашните ќе им го соопштите со многу емоции и нема да им дадете простор да го кажат своето мислење. Убедени сте дека секогаш знаете што е најдобро за сите. Ако играте игри на среќа можна е добивка која ќе остане само ваша тајна.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ја сакате стабилноста и затоа тешко ви паѓа кога нешто ќе ве вознемири. Не придавајте им важност на соништата. Колку и да ви изгледаат реално, тоа се само соништа. Денес очекувајте средба со една личност која одамна не сте ја виделе. Вашиот однос секогаш бил на граница меѓу другарство и симпатија.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Внимавајте како се однесувате, затоа што веќе сите околу вас забележуваат дека сте расеани. Чувствувате немир на работното место и очекувате некој пресврт, иако воопшто не знаете за што се работи. Однесувањето на еден член од семејството, исто така, ви задава грижи. За среќа, тоа е само моментална состојба и за кратко време повторно ќе се вратите кон вашиот оптимистички начин на размислување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП