7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari подготвува наследник на моделот Dino?

Ferrari подготвува наследник на моделот Dino?

fer dino

Италијанскиот производител на суперавтомобили „Ferrari“, работи на нов основен модел, кој ќе треба да се натпреварува со „McLaren 570S“, „Mercedes-AMG GT“ и „Porsche 911 Turbo S“. Тоа го пишува весникот „Motor Trend“, повикувајќи се на свои извори во раководството на „Fiat Chrysler Automobiles“.

Автомобилот, за кој се тврди дека ќе претставува наследник моделот кој се произведуваше во 70-тите години на минатиот век „Dino“, ќе се појави на пазарот во 2019-та година, а ќе биде опремен со твин-турбо „V6“ мотор.

Во гамата на возила, овој автомобил ќе се распореди на едно место под „Ferrari California“. Цените ќе стартуваат од околу 180.000 американски долари, што ќе го претворат во повеќе достапно „Ferrari“.

fer dino1

Последната премиера на производителот од Маранело се одржа оваа година на саемот во Женева каде што беше прикажан моделот „488 GTB“. Тој претставува ажурирана верзија на „458 Italia“, а ќе има и отворена модификација – „Spider“. Неа ќе ја видиме на саемот во Франкфурт во септември.

„Ferrari 488 GTB“ се потпира на 3,9-литарски „V8“ со два турбополначи. Неговата моќ е 670 КС и 760 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч го остварува за 3 секунди, а максималната брзина е 330 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП