28 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.04.2015

Дневен хороскоп 11.04.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Во текот на денешниот ден ве очекува финансиски прилив кој ќе ви ја врати насмевката на лицето. Иако приливот нема да биде голем сепак ќе ви даде верба дека работите се движат кон подобро. Не треба да размислувате песимистички, не е се во парите, има нешто и во љубовта, а таа во моментов не ве изневерува.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес имате многу добар план кој ќе го зголеми вашиот буџет. Иако се уште не сте сигурни дали планот е на здрави основи, најдобро би било да почнете да го реализирате. Можеби на почетокот нема да изгледа така, но во иднина ќе ви донесе добра заработувачка. Не размислувајте многу затоа што идејата е енергија и некој може да ви ја преземе.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес ќе чуете глас во врска со некои пари кои одамна сте ги заработиле, но никако да легнат на вашата сметка. Ќе добиете информација дека документите се спремни и не постои пречка тие да ви бидат префрлени. Тоа многу ќе ве израдува. Вечерта ќе ја поминете во весело друштво.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во текот на денот ќе ви се јави еден стар пријател којшто знае дека ви е потребна помош и ќе ви ја понуди од се срце. Внимавајте како разговарате со него зашто може да се случи да го исплашите со вашата еуфорија. Вие не сте личност што ги сака семејните излегувања, но пријателот ќе инсистира да ја помине вечерта со вас и со вашата фамилија во некој убав ресторан.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денешниов ден ќе ви помине во феноменално расположение. Тоа е сосема нормално за вас затоа што во последно време се ви оди од рака. Дури и парите на кои сте заборавиле на некој чуден начин ви се враќаат. Но, бидејќи не може се да биде идеално од време на време се враќа вашиот познат песимизам и почнува да ве мачи.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес вашиот партер ќе биде изненаден од вашата емотивност. Во последно време избегнувате да давате знаци на слабост и се однесувате многу круто. Денешниот излив на емоции, не само што ќе го израдува, туку ќе го натера потполно да се отвори кон вас. Ви претстои убава вечер во која ќе евоцирате спомени од едно убаво патување во странство, кое и на двајцата многу ви значи.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ваша основна карактеристика е вашата стабилност, вашиот хедонизам и посветеноста кон фамилијата. Тие карактеристики им се допаѓаат и на вашите претпоставени. Поради тоа често ве вклучуваат во разни проекти, знаејќи дека можат да се потпрат на вас. Денес ќе добиете една необична понуда за работа во која ќе бидат вклучени и некои ваши колеги. Секако прифатете ја понудата, таа ќе ви ги зголеми финансиите во идниот период.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

После подолго убедување, денес конечно ќе ја соберете фамилијата и ќе им го предложите вашиот план. Вие сакате да внесете некои посериозни промени во домот, што подразбира и поголемо материјално вложување. Ќе бидете многу убедливи и ќе ја натерате фамилијата да се согласи дел од средствата за годишен одмор да се пренасочат во реновирање на домот.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во изминатиов период бевте полни со предлози, но сите тие беа нереални. Овој пат ќе бидете конкретни и тие со задоволство ќе почнат да ги пакуваат куферите. Ова е можност и за вас да се одморите, затоа што ве чека период полн со изненадувања на работното место.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Минатите неколку дена бевте преоптоварени со работа и немавте време да му се посветите на семејството. Вашиот партнер веќе почнува да се лути затоа што не е навикнат да биде во втор план. За да ги измазните односите, овој период заборавете на работата и посветете и се на фамилијата.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес ве очекува пријатна вечер во друштво на една личност која ја знаете од неодамна. Нејзиното друштво особено ќе ви биде пријатно и вие ќе сакате да се покажете во вистинско светло. Но, за жал, иако имате продолжен викенд, дел од работата што ви останала недовршена, ќе морате да ја завршите. Дење ќе работите, а во вечерните часови ќе уживате во новото познанство.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате потреба овие неколку дена да ги поминете некаде покрај вода. Тоа е најдобро за вас, поради тоа што се чувствувате напнато. Ви недостига концентрација и затоа ќе биде најдобро да го прифатите предлогот на новите пријатели и да отпатувате некаде. Викендот ќе ви помине во вистинско опуштање и добро расположение, а тоа ќе ви помогне да се справите со работните обврски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП