29 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.04.2015

Дневен хороскоп 09.04.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Очекувате да ви се јави некој кој повеќе пати ви понудил помош или работа. Можно е да добиете повик од некој Лав кој добро ве познава. Можноста за продолжување на сорaбoтката со овој знак е многу поголема ако сте родени во третата декада. Вашите способности можат да дојдат до израз ако повеќе се ангажирате за работата која бара методичност и издржливост, а вие во последно време сте малку демотивирани.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Се трудите да покажете подготвеност за продолжување на соработката со некој кој кон вас често бил непријатен или не бил доволно фер. Тајниот договор кој го имате со блискиот соработник или роднина, особено некој друг Бик ќе донесе добри резултати, но ќе ве изненади фактот дека за него многумина знаат. Потребен ви е добар маркетинг, а вие како да не сте свесни за тоа и го правите тоа што на вас ви одговара. Прилично сте тврдоглави.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вие не можете да се пожалите од тоа што ви го нуди животот во моментов. Денес ќе биде еден од оние убави денови во кој ќе се чувствувате кралски. Толку сте обземени сами со себе па нема ни да забележите дека парнерот ви е лут за некои постапки. Променете го односот може сериозно да ја влошите состојбата.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ве мачи симпатијата кон една Скорпија, но од нејзина страна не добивате никакви знаци. Не знаете дали и се допаѓате или само вам така ви се чини. Сето тоа ве деконцентрира. На работното место имате премногу натрупана работа но и голема одговорност. Олабавете се во друштво на семејството.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Барате разни начини да добиете финансиска слобода но ниеден не ви се чини доволно добар. Дури размислувате и да вложите поголема сума во игрите на среќа. За ваша среќа во моментов немате храброст за тоа. Внимавајте, периодот кој следи воопшто не е погоден за ризикување.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес разговорите и вашите слободоумни идеи ќе ги оставите за попладневните часови. Попладнето ќе го поминете во друштво со соседите или со пријателите во некое кафуле. Внимавајте што зборувате.Можете да добиете коментар што ќе ве повреди.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Имате разни идеи, но сите се екстремни и тоа ве вознемирува. За момент ќе почувствувате и љубомора кон колегите. Кога размислувате за нив имате осет дека само вие имате проблеми, а нив се им оди лесно. За среќа партнерот има некои убави вести и ќе успее да ве оттргне од тмурното расположение.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес ќе имате таен разговор со еден член од фамилијата во врска со некој постар роднина. Можно е да дознаете дека тој има финансиски проблеми и дека се спрема да побара помош од вас. Бидејќи се работи за порок и проблем кој сам си го направил, откажете му ја вашата помош. Не дозволувајте да имате грижа на совеста, секако не сте во состојба да му помогнете.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Самоизолацијата, што не е својствена за вас, денес ќе ви помогне да го преиспитате своето однесување према саканата личност. Имате осет дека нешто морате да смените во вашиот однос. Веќе подолго време играте топло-ладно и тој однос ви влева несигурност. Се уште не сте спремни да се соочите сами со себе и искрено да си признаете што чувствувате.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Вие ги сакате луѓето и длабоко им верувате, но ќе мора да научите дека не се сите толку добронамерни. Денес е можно вашите зборови да бидат сосема извртени и да дојде до недоразбирање меѓу колегите, а со тоа ќе се направи голема штета во работата.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Мислите дека партнерот крие нешто од вас и тоа ве прави раздразливи. За ваша среќа, ова не е еден од оние периоди во кои ќе покажете дека и вие умеете да излезете од кожа. Како по обичај и денес ќе успеете да се исконтролирате. Она што највеќе ве иритира е променливата финансиска ситуација и добро е да знаете дека партнерот нема никаква врска со тоа.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Мислите дека од средствата кои конечно ќе ги добиете е време нешто да зачувате за себе, а фамилијата ќе ја почестите следниот пат. Тоа и не е толку лошо бидејќи се работи за мала сума. Внимавајте да не ве открие партнерот, затоа што во последно време се претворил во вистински скржавец и го контролира секој ваш денар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП