25 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 06.04.2015

Дневен хороскоп 06.04.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе добиете повик од личност која долго време не сте ја слушнале, а сте имале некакви заеднички планови поврзани сo работа. Ќе се чувствувате способни да тргнете во нова акција, како и да ги промовирате идеите, талентот или нешто во што се исклучително добри. Денес не земајте кредити и не позајмувајте пари.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Многу убав ден, особено за оние кои во подзнак имаат некој земјен знак, а особено истакната е Девицата. Можете да бидете успешни и ако вашиот подзнак е Рак. Ќе добиете повик да е сретнете со некој кој ќе може да ви оствари некоја желба која се однесува на странство. Ќе добиете вест за пари. Имајте доверба во еден Јарец.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Започнете го денот со ситни задачи. Сериозните ќе бараат многу повеќе концентрација и претежно самостојна работа без мешање од страна. Избегнете ги несаканите контакти. Семејството очекува премногу од вас, не се разочарувајте.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Премногу очекувате од моменталната ситуација. Морате да заземете практичен став кон проблемот. Вие сте личност  која има смисла за конкретни работи. Кога е така, тогаш однесувајте се според тоа. Морате подобро да ги проценувате луѓето, за подоцна да не се каете. Помалку озборувајте.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Нетрпеливи сте и постојано го менувате вашето мислење, расположение, правите тактика како да се поставите во ситуација во која реално имате на кого да се потпрете. Ја користите слабоста на другите за да успеете да ги истакнете своите квалитети.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес околината и пријателите иритирачки ќе се постават кон вас.Во некоја чудна ситуација ќе западнете уште од рано сабајле. Потрудете се да останете мирни и да реагирате брзо. Не дозволувајте да ве убедуваат да купувате нешто за кое немате потреба.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ви претстои успешно ново пријателство. Ќе биде со претставник на спротивниот пол, кој ќе ви понуди добар начин на кој ќе заработувате. Прифатете го. Денот ќе ви биде совршен, семејството и пријателите ќе ве фалат во секој миг.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денот ќе ви започне со конфликт дома. Причината ќе биде поврзана со финансиите, поточно со нечие неразумно трошење на парите на семејството. Не донесувајте конечни одлуки, внимавајте на одлуките.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денот ќе ви биде исполнет со впечатоци, но и ќе биде многу напорен. Придржувајте се до идеите и мислењето на вашиот сакан, и да не ви се допаѓаат во моментот, на крајот ќе се покаже дека тие биле вистинска одлука.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе немате причини да се жалите од днешниве настани. Проблеми можете да си креирате сами ако трошите многу. Овие трошоци можат да остават негативно влијание врз вашите финансиски средства на подолг период.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Премногу несериозно се однесувате, вашата работа, приватниот живот и семејството го чувствуваат тоа. Мора да пронајдете нова метода за успех, оваа вашава е тотално погрешна. Инвестирајте во работата, ќе дојде време кога ќе имате големи приходи од неа.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не правете никакви ризици поврзани со пари. Ниту со сопствените, ниту со туѓите. И внимавајте на имотот. Проверете дали сте заклучиле откако ќе излезете. Можно е да искусите некоја екстремна ситуација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП