30 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 04.04.2015

Дневен хороскоп 04.04.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не започнувајте ништо ново во било кој аспект од вашето живеење. Најдобро би било да се посветите исклучиво на неопходните дневни обврски и да се одморите. Посветете му повеќе внимание на вашиот партнер, направете нешто барем тој да не ја почувствува вашата безволност.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Скоро цел ден ќе го поминете во пријатни дружења со пријателите и вашите блиски. Освен тоа што ќе се забавувате во некои необврзувачки разговори би можеле да слушнете и некои информации кои добро ќе ви дојдат за во иднина. Ви претстои прекрасно изненадување кое ќе ви донесе голема среќа.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Што повеќе луѓе и средби тоа подобро. Комуникативноста денеска е на прв план па ќе настојувате да ја спроведете на дело. Посетете ги вашите стари пријатели, а можете малку и да озборувате, но внимавајте без некому да наштетите. Тоа одлично ќе ве опушти.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денот ќе ви донесе доста возбудувања и настани со кои ќе ја зголемите напнатоста. Повеќе ќе се движите отколку што ќе ги решавате проблемите, но сепак од тоа ќе извлечете некаква корист. Ќе мора контактите со луѓето да ги подобрите, а со тоа и ситуацијата на работното место.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Избегнувајте расправии, бидејќи нешто може да тргне во погрешен правец. Работете го само она што ве мотивира. Парите ви се на прво место, така што би прифатиле работа која не ве интересира. Рационалноста е изразена и тоа е добро, но морате да се свртите кон сопствените проблеми. Одработете си ги своите работни обврски зашто наскоро би можеле да се најдете во голем хаос.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе уживате во излети и најразлични физички активности. Ќе бидете во форма бидејќи на задоволувачки начин ќе ги користите вашите способности, особено оние кои имаат врска со насобраната енергија. Ќе умеете да ги избегните сите препреки и ќе бидете полни со разбирање и нежност спрема вашиот партнер.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Многу ќе се грижите за сигурноста на вашето работно место и задржувањето на постоечките позиции. Ви треба помошта од другите за да можете да ги реализирате вашите планови. На слободните претставници им се нудат краткотрајни авантури. Некој предлог од пријател може да ве разочара.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашите чуства денеска пресудно ќе делуваат на работните односи или пак во врската со партнерот. Ќе бидете поканети на некој начин да настапите пред јавност. Дали ќе прифатите ќе зависи од вашето расположение. Многу ќе ви биде зголемен интересот во врска со прашањата за семејството, особено родителите или пак децата.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можеби ќе доживеете некои незгодни и непријатни изненадувања. Воглавно се може да се одвива со успех, но немојте премногу да се двоумите, затоа што под дејство на тие ваши колебања се оневозможува реализација на многу ваши потенцијали.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ова е доста возбудлив ден. Ако сте осамени можете да очекувате ново пријателство со интересна личност. Денот е поволен за сите видови на работа. Планетите ве поддржуваат па можете да започните и некоја нова работа. Кондицијата ви е одлична, а финансисктата состојба без позначајни промени.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес премногу брзо ќе се одлучите за нешто во што ни самите не сте уверени. Можеби ќе ви успее, но вашите можности се повеќе отколку минимални. Во прв план сепак ќе ви бидат комуникативноста, подвижноста, интелектот и образованието. Ќе имате многу контакти со соседите или роднините.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Внимавајте на пријателствата. Исто така и на партнерот кој е избезумен од вашето однесување. Се наоѓате пред важно патување поради кое се чувствувате добро. Потрудете се повеќе да бидете во друштво на пријателите. Бидете внимателни, бидејќи претерувате кога ќе почувствувате дека имате повеќе пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП