12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa обезеди 300 милиони долари за обештетување

Lufthansa обезеди 300 милиони долари за обештетување

luft german2

Германската авио-компанија Lufthansa обезбеди 300 милиони долари, односно 278 милиони евра, за вкупните трошоци поради падот на авионот на Germanwings, нејзина компанија-ќерка, во која загинаа 150 лица.

Во соопштението на Lufthansa се наведува дека преку дека преку еден нејзин конзорциум за осигурување пресметани се трошоците за финансиска отштета за семејствата на 150-те жртви, уништувањето на авионот А320 и плаќањето на услуги за психолози и други експерти за кризни ситуации.

Портпарол на Lufthansa потврди дека парите ги обезбеди конзорциум за осигурување, во кој клучна улога има минхенската компанија Alliance.

Од Осигурителниот конзорциум Alliance одбија да дадат коментар.

Во несреќата на авионот на Germanwings, која според наводите од истрагата намерно ја предизвика копилотот Андрас Лубиц, загинааа сите 144 патници и шест членови на екипажот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП