17 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗMcLaren ќе претстави модел од новата гама Sports Series (фото)

McLaren ќе претстави модел од новата гама Sports Series (фото)

McLaren-570S-01Coupe

Британскиот производител „McLaren“ го откри првиот модел од новата моделска гама „Sports Series“. Тој ќе биде претставен на автосаемот во Њујорк.

И за овој свој модел Британците не се одлучија за особено интересно име – „570S Coupe“, но пак одвоиле должно внимание на се друго.

McLaren-570S-04Coupe

Новиот спортист на „McLaren“ го претставува првиот предлог од новата серија автомобили на марката „Sports Series“. Тој се приклучи на сегашните предлози од „Super Series“ и „Ultimate Series“.

„570S Coupe“ не се одликува со особено оригинален дизајн, а лесно може да се препознае како „McLaren“. Моторот е познат од голем број на модели на брендот 3,8-литарски „V28“ би-турбо. Во случајот тој добил околу 30% нови компоненти и развива 570 КС при 7400 врт/мин и 600 Nm при 5000 – 6500 врт/мин. Трансмисијата е 7-брзински „SSG“, а за погонот одговараат задните тркала.

McLaren-570S-02Coupe

Иако има релативно слаб мотор, новиот „570S Coupe“ демонстрира доста сериозна динамика. Со тежина од 1313 килограми моделот забрзува од место до 100 км/час за 3,2 секунди. Брзината од 200 км/час се постигнува за 9,5 секунди, а ограничувачот се вклучува при 328 км/час.

Впечаток прави и просечната потрошувачка на гориво, кој според официјалната информација е само 9,2 л/100 км во мешан режим.

McLaren-570S-03Coupe

За првиот модел од новата гама на „McLaren“ е создадено нова суспензија, опремена со индивидуализира амортизери. Предните тркала се 19-инчни, а може да се изберат и оние со големина од 20 инчи. Уште во основната опрема се вклучени карбон-керамички сопирачки и гуми „Pirelli P Zero Corsa“.

Внатрешноста нуди спортска, но сепак луксузна атмосфера, која е опремена со создадени за моделот дигитални инструменти и 7-инчен дисплеј на системот „IRIS“, преку која се командуваат повеќето функции на автомобилот.

McLaren-570S-05Coupe

Повеќе детали треба да бидат познати по премиерата на „570S Coupe“ во Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП