29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБекам е најбогат, пред Меси и Роналдо

Бекам е најбогат, пред Меси и Роналдо

fudbaleri

Ѕвездата на ПСЖ, Дејвид Бекам е најбогат фудбалер во светот. Англичанецот во рангирањето ги надмина најдобрите фудбалери на планетава, Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Состојбата на Бекам изнесува 175 милиони фунти, додека пак на ѕвездата на Барселона е 115.5 милиони фунти. Трет на листата е Кристијано Роналдо со 112 милиони фунти.

Во топ-пет на најбогатите влегуваат уште Бразилците, Кака и Роналдињо кои поседуваат 66.5, односно 63 милиони фунти.

Износите се пресметани на база на плати, бонуси и клаузули во договорите, како и на приватните бизнис инвестиции, пари од реклами и спонзорски договори.

Иако Бекам не добива ништо додека игра за ПСЖ, бидејќи ја донира плата за добротворни цели, тој е во водство со огромна предност.

Топ пет на најбогатите фудбалери во светот:

1. Дејвид Бекам (ПСЖ) – 175 милиони фунти

2. Лионел Меси (Барселона) – 115.5 милиони фунти

3. Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) – 112 милиони фунти

4. Кака (Реал Мадрид) – 66.5 милиони фунти

5. Роналдињо (Атлетико Минеро) – 63 милиони фунти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП