19 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 27.03.2015

Дневен хороскоп 27.03.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денешната деловна понуда за вас може да биде многу предизвикувачка, особено во вечерните часови, но вие нема да бидете подготвени на компромис или да го прифатите тоа што ви се нуди при вашата недоволна мотивираност. Работите на долг рок бараат и разговор со оние кои можат да ви дадат добри услови. Се обидувате да ја избегнете соработката со Бик или Лав. Ако сте сигурни дека сте на вистинскиот пат кон успехот, не поставувајте услови кои другите не можат да ги исполнат.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Многумина се потпираат на вас и се обидуваат со ласкање да ви дадат на знаење дека очекуваат од вас да го завршите и нивниот дел од работата бидејќи вие во тоа сте поискусни. Се однесувате прилично тврдоглаво, иако изгледате мирно всушност се обидувате на другите да им го наметнете вашиот став. Сакате да ја обновите соработката со некој кој би можел да ви биде од голема корист.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се повеќе планети ви се наклонети и ќе бидете се порасположени и подруштвени. Одлично ви се аспектирани подолготрајните работи, а вашиот статус во работата станува се постабилен, но сеуште не треба да се надевате на признанието кое го очекувате. Бидете трпеливи и задоволете се со тоа што вашата околина почна да ве разбира.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе поминете мирен ден и ќе почувствувате дека дел од проблемите сте ги решиле и дека малку сте поднапреднале. Ќе поседувате многу енергија и ова е вистински момент за иницијатива. Односите со околината ви се мирни но ќе морате повеќе да се трудите за да остварите контакти.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

На работното место односот со колегите ви е одличен и коректен. Денес до израз ќе дојде вашата комуникативност. Ѕвездите се на ваша страна и можна е добивка преку игрите на среќа. На полето на љубовта ви следи бурна но кратка авантура.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Вашата обновена енергија ќе биде насочена кон љубовта, а ќе имате и прилика да го освежите односот со партнерот или ако сте слободни да си најдете љубовно задоволство. Можеби ќе имате мали проблеми со здравјето, некоја ваша честа болка, но тоа нема да ви биде пречка во извршувањето на секојдневните обврски.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Некој ќе се обиде да ве вклучи во дискусија која ќе премине во кавга. Настојувајте да се занимавате само со своите обврски и обидете се да бидете што поконкретни. Не размислувајте за големи проекти. Средете ги односите со околината пред да биде доцна. Во љубовта внесете повеќе ведрина и разберете го вашиот партнер.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ако очекувате некаква испорака, приход или ветен подарок денеска можете да бидете изненадени. Вложувајте повеќе во блиските врски и немојте да се одалечувате од драгите луѓе и борете се против чуството на осаменост или несватеност. Излезете со друштво, забавувајте се или посетете некои блиски роднини кои не сте ги виделе повеќе време.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Стрелците со постојан работен однос се материјално мотивирани да истраат во сегашните работи, а планетите потикнуваат и нови работни аранжмани, поголеми купопродажби, вложување пари во поголеми работи. Вашата материјална состојба е несигурна и подлежна на влијанија од страна и не можете да правите подолгорочни договори.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не ве очекуваат многу возбудувања, па затоа ќе можете да се посветите на вашите обврски. Во овој момент ќе немате изразени неповолни аспекти што значи дека ќе можете да ги искористите вашите предности. Емоционално ќе бидете многу задоволни и пред вас е стабилен ден. Започнете со усовршување на знаењето.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Одлично се чувствувате за било каков почеток, во деловните или приватните сфери. Нов бран на оптимизам ви ги облагородува вашите мисли, кои денес навистина ќе бидат прецизно и практично насочени во сите ваши активности. Сентименталните односи ви се стабилни.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Застојот на акциите или очекувањето на нешто за вас посебно важно, ќе го намали интересот за приватност. Во љубовта очекувате од партнерот да ги подели вашите сонови и планови, а нагласеното дружење со пријателите ветува добар провод и забава. Ќе доживеете некакво пријатно искуство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП