20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple наскоро ќе вреди 1000 милијарди долари!

Apple наскоро ќе вреди 1000 милијарди долари!

Main-Apple

Брокерската компанија „Cantor Fitzgerald“ очекува дека американскиот технолошки концерн „Apple“ ќе постигне пазарна капитализација од 1000 милијарди долари.

Акциите на „Apple“, кои беа додадени минатата недела кон „Dow Jones Industrial Average“, се тргуваа во понеделникот на ниво од 127 долари за готово, што го оценува технолошкиот концерн на 738 милијарди долари.

Како пишуваат „Financial Times“ и „Bloomberg“, Брајан Вајт од „Cantor Fitzgerald“ го смета тоа за остварливо во рок од една година во момент во кој производителот на „iPhone“ го засилува присуството во Кина и го подготвува излегувањето на својот „iWatch“ на пазарите.

Со седиште во Њујорк, брокерската компанија очекува акциите да станат поскапи од 180 долари за готово, што би значело дека целата „Apple“ ќе чини 1000 милијарди долари. Вајт го мотивира прогнозата со успесите во Кина, каде што компанијата објави 70 проценти раст на продажбата за последниот квартал. Причина за растот е фактот дека за првпат по пет години „Apple“ презентира нов производ. Паметниот часовник на компанијата беше претставен на 9-ти септември 2014-та година од страна на главниот извршен директор Тим Кук. „Apple Watch“ може да се нарача од 10-ти април, а снабдувањето е со почеток од 24-ти април.

Темпото на откуп на акции е нешто што може да ја отежне таа цел, дури прогнозата за цената на акциите да се покаже точна. „Apple“ реоткупи свои акции за 45 милијарди долари во 2014-та година, намалувајќи ја бројката на акциите од 6,24 милијарди до 5,824 милијарди акции, пишува уште „FT“.

Поставената проценета цена од „Cantor Fitzgerald“ го претвора во најоптимистичките брокери во однос на компанијата.

Други брокери како „First Shanghai Securities“ даваат прогноза за 165 долари за акција, а „Piper Jaffray“ и „Evercore“ беа досега со прогноза од 180 долари за готово. Над 70 проценти од аналитичарите ги советуваат клиентите да купуваат акции на „Apple“, а 26 проценти ги советуваат за задржување на веќе стекнатите акции од вредност.

„Со оглед на експанзијата на „4G“ мрежата во Кина, продолжуваме да веруваме дека „iPhone“ во портфолиото на „Apple“ е подобро позиционирање од кога и да е за уште обнова (кон нови телефони), благодарение на продлабочените односи со China Mobile” наведува уште брокерот. Освен тоа „Сantor Fitzgerald“ се повикува и на шпекулациите за влез на компанијата на пазарот на електроавтомобилите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП