5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајмоќниот Mustang е дело на Saleen (фото+видео)

Најмоќниот Mustang е дело на Saleen (фото+видео)

selen

На специјален настан во Лос Анџелес, американската компанија „Saleen“ го претстави моделот „S302 Black Label“. Автомобилот е базиран на новата генерација „Ford Mustang“, а од „Saleen“ тврдат дека ова е најмоќниот производ „Mustang“ на пазарот.

selen1

Моделот користи 5.0-литарски „V8“ мотор, помогнат од огромен компресор, програмирано електронско управување и нов систем за вбризгување на горивото со високи перформанси.

Благодарение на доработката моторот генерира 730 КС и 812 Нм, а тоа се показателите при користењето на бензин со октански број 91.

selen2

Како и сите производи на „Saleen“, новиот „S302 Black Label“ е опремен со комплетен бодикит кој му придава на моделот уникатен и подинамичен изглед. Автомобилот располага исто така со 20-инчни тркала, заден спојлер и помоќни сопирачки.

selen3

Внатрешноста е речиси слична со онаа на стандардниот „Ford Mustang“, но се одликува со тапацир од алкантара, осветлени рачки на вратите и прагови, различни прибор на контролната табла и плакета со индивидуалниот број на автомобилот.

selen4

Од „Saleen“ веќе примаат нарачки за новиот „S302 Black Label“, иако се уште не ги објавиле официјалните динамички податоци на моделот. Цените сепак се јасни, а тие почнуваат од 73.214 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП