Ford целосно го откри обновениот пикап „Ranger“, кој ќе се појави на пазарот во Европа подоцна во оваа година. Моделот доби повеќе модерен изглед, оптимизирани мотори и нови технологии.
Што се однесува до дизајнот на моделот, тој демонстрира целосно нова предница, со различни браници, фарови и решетка на ладилникот. Страничните и задните промени се минимални, додека ентериерот доби нови волан, табла и централната конзола.
Новости има и под хаубата на моделот, каде се поставуваат обновени, поекономични мотори.
Агрегатот „Duratorq TDCi“ со 5 цилиндри и зафатнина од 3,2 литри доби преработен систем за кружење на издувните гасови, благодарение на што сега е за 18% поекономичен. Индикаторите му се 200 КС и 470 Nm, а понудените трансмисии се две – мануелен 6-брзински и автоматски со ист број брзини.
Достапно е и помал дизелски мотор со четири цилиндри. Тој исто така е од серијата „Duratorq TDCi“, но има волумен од 2,2 литри и генерира 160 КС и 385 Нм. Овој мотор ќе биде достапен на избраните пазари, додека верзијата со 130 КС ќе биде достапна глобално. Токму кај неа инженерите на компанијата успеале да ја намалат потрошувачката на гориво за цели 22%.
За љубителите на бензинските мотори ќе биде предложен 2.5-литарски „Duratec“ агрегат со 166 КС и 225 Нм.
Верзиите на моделот со погон 4х4 располагаат со намалување брзини, па можат да влечат товар со маса до 3,5 тони. Освен тоа редизајнираниот „Ranger“ добил суспензија со комфорно поставување и нов електричен серво, кој обезбедува прецизно управување, се вели во информацијата.
Новините во споредба со досегашната верзија на моделот вклучат уште адаптивен круз-контрол, инфо-забавен систем „SYNC 2“, како и уште неколку модерни системи за безбедност. Како и досега, „Ranger“ ќе се нуди со два вида кабина – со единечна и двојна.
На пазарот новиот „Ford Ranger“ ќе се појави во текот на третото тримесечје од оваа година. Моделот ќе се произведува во Тајланд, Јужна Африка и Аргентина. Верзиите за Европа ќе пристигнуваат од производните погони во фабриката во Јужна Африка.