19 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 24.03.2015

Дневен хороскоп 24.03.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе добиете идеја во врска со некој приватен бизнис. Се обидувате да спроведете некоја своја замисла која долго ве опседнува. Многу сте амбициозни и правите големи планови. Денес би можеле со упорноста да постигнете многу повеќе отколку што претпоставувате. Денес можете да добиете интересна деловна понуда.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ова е еден од оние денови во кои би можеле да постигнете многу ако се поставите одлучно, авторитативно, но само под услов да не се внесете премногу емотивно во проблемот или ситуацијата која може да излезе од контрола. Не очекувајте од некој Лав да ви помогне.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не прифаќајте понуди кои во ниту еден случај не ви одговараат, особено не ги прифаќајте понудите на некоја Вага или Шкорпија. Ако постои нешто што не сте го направиле како што треба, денес можете јавно да говорите за тоа, денешниот ден е погоден за настапи во јавност. Венера и Плутон во Јарец рефлектираат партнерски односи на астролошко поле, обидете се да го пронајдете најдоброто решение.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не сакате да зборувате за вашиот фамилијарен живот со никого, иако многу работи ве мачат. Близнаците ви даваат на знаење дека ги нервира вашата амбиција, а на вас ви се чини дека за многу прашања не сте ни прашани.  Треба да бидете помалку чувствителни на критика. Можна е љубоморна сцена со вашиот партнер или несогласувања со соработниците и тоа со силна причина. Не му одолевајте на искушението да влезете во некоја нова работа од која очекувате добра заработка.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

На работа очекувајте убаво изненадување. Ќе добиете нови задолжувања кои ќе бидат поинтересни од претходните. Кога работата е во прашање, на партнерот можете секогаш да се потпрете. Финансиските проблеми ви создаваат грижи, но работата ќе ви донесе профит на кој не се надевавте.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Важно е да го оправдате својот деловен углед во средба со соработниците. Понекогаш различни обврски претставуваат голем товар, но не можете да имате убедливо оправдување или изговор. Поттикнувате кај себе поголема одговорност. Нема потреба да барате ново олеснување или заобиколно решение. Работата која ве заморува треба да ја завршите во најкратко можно време и без надмудрувања во дијалогот со соработниците. Секогаш постои добро решение.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Несериозни сте во врска со некој проблем кој ви се појавил, вашиот партнер е лут, а вие и понатака несериозно постапувате. Обидете се барем да се извините и променете го однесувањето. Малите недоразбирања не вредат за во толкава мера да ви го влошат животот. Бидете поодговорни и исполнете ги ветувањата.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Кај вас постојат некои непотребни нервози и кавги кои не можете да ги надминете а буквално без потреба ви го одземаат времето. Не се фокусирајте кон проблемите и нивните корени, фокусирајте се на нивните решенија, но сето тоа направете го мирно и сталожено, не е потребно толкаво емоционално залагање. Потребно е да сфатите дека во животот не оди се така како што вие сте испланирале.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во овој ден ќе ви се случат милион работи од кои ќе сфатите дека плановите кои сте ги правеле и реалноста во секојдневието се два различни поими. Ќе слушнете некоја новост која многу ќе ве израдува и ќе ви го разубави денот. Сакате да му приредите изненадување на партнерот, но нештата кои ви се потребни да го организирате тоа, ви недостасуваат.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Некој обврзувачки финансиски договор ви создава проблеми. Обидете се да го промените тоа. Закажете деловен состанок на кој ќе бидат потцртани клучните нешта на кои треба да се работи. Ви недостасува време за пријателите, најдете малку слободно време и излезете со нив.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Флексибилноста ќе ви го одбележи денот и промените во плановите нема да ви го расипуваат расположението. Помогнете им на луѓето околу вас да сфатат дека животот е непредвидлив и дека треба да бидат поспонтани за да уживаат во него. Некој се обидува да ви го пренесе своето животно искуство. Пријателите ќе ви приредат убаво изненадување.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Идејата или решенијата кои сте ги одбрале, претставуваат добар деловен избор. Потребно е да се ангажирате на различни страни и да докажете дека поседувате силни практични можности. Потребно е да се договорите со соработниците околу уважувањето на различни деловни интереси, употребете ги своите дипломатски манири. Потрудете се да ги почитувате својот дел од договорот и обврските. Пофалбите кои ги добивате од луѓето дејствуваат поттикнувачки за вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП