7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајпродаваните модели во Европа

Најпродаваните модели во Европа

PO GOLF

Европскиот автомобилски пазар забележа силен старт на годината, регистрирајќи раст од над 7% за првите два месеци. Веќе се познати лидерите според продажбата на „стариот“ континент, а „JATO Dynamics“ изнесе податоци и за повеќето најпродавани модели на автомобили.

Лидерската позиција по продажба во Европа продолжува да ја држи бестселерот „Volkswagen Golf“ и тоа со значителна предност пред конкурентите. Во февруари моделот реализирал 36.292 продажби (раст од 5,8%), или речиси двојно повеќе од вториот во рангирањето.

modeli00

Второто место повторно оди кај „Volkswagen“. Моделот „Polo“ го дислоцира „Renault Clio“ од оваа позиција, победувајќи го со само 89 продажби. Резултатот на „Polo“ е 21.495 примероци и раст од 7,2%, а на „Clio“ е продажба на 21.406 единици и раст од 1,2%.

На четвртата позиција по продажба во февруари во Европа е рангиран моделот „Ford Fiesta“, следен од „Peugeot 208“ и „Opel Corsa“. И трите компактни модели забележуваат благ пад во продажбата во однос на истиот месец од минатата година.

modeli01

Седмата позиција е за најдобро продаваниот модел на „Skoda“ – „Octavia“, а на осмото место финишира „Volkswagen Passat“, чиј број од продажбата се приближува до оној на далеку поприфатливите автомобили. Седанот од сегмент „D“ демонстрира и најсериозен раст во текот на месецот – цели 63,8%.

Во Топ 10 се наоѓаат уште лидерот кај кросоверите „Nissan Qashqai“, кој исто така забележува сериозен раст, и „Audi A3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП