3 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТехнокооп мебел ве носи во Дубаи

Технокооп мебел ве носи во Дубаи

mnb

По повод Саемот за мебел во Скопје, македонската компанија за изработка на мебел, Технокооп мебел за времетраењето на саемот за сите оние кој што ќе нарачаат мебел од нивниот асортиман, обезбедува можност за патување во Дубаи.

„Размислувавме што би било атрактивно и забавно за нашите клиенти а воедно ќе им претсатавува задоволство и уживање кое што би го искористиле по напорното реновирање или изградба на стан или куќа. Дубаи е локација примамлива за сите, така што се надеваме дека секој би посакал да го искористи ова патување.“ – изјави Тони Божиновски, генерален менаџер на Технокооп мебел.

Имено, за сите посетители на Саемот за мебел кои што ќе направат нарачка од асортиманот на Технокооп, добиваат можност да освојат патување во Дубаи. Патувањето се однесува за двајца и го покрива патот и сместувањето во Дубаи за четири вечери.

За време на Саемските денови, за сите нарачки од сопствен асортиман Технокооп ќе направи попуст по фабрички цени за своите купувачи. Како една од првите компании за мебел во Македонија, Технокооп мебел се издвојува со услугата дизајнирање и изработка на мебел според индивидуалните барања на купувачите, како и квалитет во производството, иновативност во опремувањето на ентериери.

mnb

Од пред неколку години Технокооп мебел ги поседува сертификатите ИСО 14001 за заштита на животната средина и ИСО 9001 норми за квалитет – издаден од австрискиот сертификатор „TUV AUSTRIA CERT GMBH“ од Виена, што е потврда за успешноста во доменот на организациската поставеност во компанијата. Покрај овие интернационални сертификати, финалните производи на Технокооп мебел поседуваат Сертификат за квалитет издаден од Шумарски факултет Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП