16 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 21.03.2015

Дневен хороскоп 21.03.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Се трудите да најдете начин како да се договорите со еден Рак за да започнете со некоја нова работа. Имате прилика да влезете во договор со Стрелец и веројатно ќе го искористите тоа за да ги остварите вашите замисли. Не дозволувајте некој да ве злоупотреби или една Шкорпија или Лав да ви ги наметнат своите идеи.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Енергијата ви е на високо ниво, но премногу сте напрегнати. Најдобро е да бидете сами  и да ги намалите контактите бидејки буквално сте премногу емотивни и тоа дополнително ви создава бескопкојство. Научете како на поинаков начин да гледате на работите, не можете сите нешта да ги средите сами, нешто зависи и од другите лица, и затоа намалете со фрустрирачкото темпо.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не сте во состојба да ги формулирате вашите цели и желби јасно. Зборувате многу, но не кажувате ништо и тоа ги одбива вашите соговорници. Подобро намалете ги контактите и посветете се на поважни задачи. Ако осетите дека сте истоштени или не сте во состојба да се концентрирате кон извршување на вашите задачи најдобро е да ги одложите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ако сте самоиницијативни подобро ќе се снајдете и ќе успеете да ги завршите сите ваши дневни обврски без напор. Ако пак ја истакнете вашата мрзеливост ќе треба да ги извршувате повеке пати работите, а тоа може да биде фустрирачко. Имате потреба од духовна забава и од вас зависи дали ќе ја организрате. Посета на кино, театар, концерт…

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе се справите со многу задачи. Пред ручек ќе бидете многу поактивни, но со текот на денот ќе се зголемува вашиот замор. Направате си планови за вечерва, но не претерувајте со храната и пијалоци. Имунолошкиот систем ви е слаб. Ако неодамна сте имале здравствени проблеми голема е веројатноста пак да ви се појават.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Некаква врска ќе се уништи или ќе одлучите дека е бесцелна. Не мислете премногу на тоа. Ако мислите дека е вистински момент да ја раскинете оваа врска, направете го тоа и посветете и се на работата, бидејќи во последно време доцните со извршувањето на задачите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Мирен ден кој не одговара за активна работа. Подобро денес да си направите распоред и да се посветите на лични работи и да посветите внимание на вашето здравје. Вашиот партнер се чувствува запоставено од вашите работни задачи, денес завршете порано и посветете му се.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Нагли постапки, нагли реторики и воопшто сите непромислени реакции ќе ви создадат многу непријатности. Денес на прво место ставете го одлучувањето а дури потоа дејствувањето. Бидете подготвени на финансиски непријатности. Потпрете се на луѓето со кои сте секој ден. Можеби нема да можат да ви помогнат со средства но можат да ви дадат добри идеи како да ја надминете оваа криза.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Премногу сте чувствителни, но тоа и толку не е потребно. Вашите блиски се немаат навикнато да ве гледаат вас во таа светлина, па поради тоа само ќе бидат зачудени. Тие вистински ќе бидат растревожени од вашето однесувањето. Размислете дали е тоа потребно.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Правете работи само ако сте апсолутно подготвени за нив на теоретски план. Не преземајте важни одлуки без најнови и точни информации. На работа слабо ви оди, обидете се да ја освежите вашата енергија и поефикасно да работите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Без разлика на тоа што се случува, смирете се. Нешто што ви изгледа многу чудно или непријатно во моментов, сосема наскоро ќе ви изгледа дури комично. Поради тоа не се замарајте со глупости, нема потреба за тоа. Намалете го темпото. Размислете што е итно а што не е, и дали имате потреба од прекувремена рекреација.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Настаните ќе се одвиваат во ваша корист. Денес ќе си одговорите на важни прашања поврзани со финансиите. Успешен ден, но тежок. Ќе треба да работите неколку различни работи истовремено и веројатно ќе се изморите. Обидете се вечерта да си легнете порано, бидејќи само така ќе ја надополните силата за наредниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП