27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаработуваат на глупоста на Бентнер

Заработуваат на глупоста на Бентнер

bendtner

Во Копенхаген веќе почнаа да го искористуваат инцидентот на Никлас Бентнер, па за поволна цена може да се купи „Сетот на Бентнер за пијанство“.

Играчот пред извесно време беше уапсен поради тоа што возеше во спротивна насока и со 3.5 промили алкохол во крвта, па така беше казнет со 100.000 евра и доби забрана од шест месеци неиграње во репезентацијата на Данска.

Во Данска одлучија малку да се пошегуваат на негова сметка, но од тоа и да заработат. Во „Сетот на Бентнер за пијанство“ е спакувана кукла на овој играч од ЕУРО 2012, играчка автомобил и магнет за фрижидер во форма на пивско шише.

Првите две пакувања беа продадени на шега, но побарувачката во Данска се зголеми, па така тоа стана сериозен бизнис.

Оваа недела дресот на Бентнер беше повлечен од продавниците на Јувентус, можеби и него ќе со спакуваат со магнетите и автомобилите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП