17 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИBanco Sabadell SA влегува на британскиот пазар со купување на ТЅВ

Banco Sabadell SA влегува на британскиот пазар со купување на ТЅВ

BRITAIN-BANKING-BUSINESS-LLOYDSBANK-TSB

„Banco Sabadell SA“ – петтиот по големина кредитор во Шпанија, постигна договор да ја купи „TSB Banking Group Plc.“ за 1,7 милијарди фунти (2,5 милијарди долари), влегувајќи на тој начин на британскиот хипотекарен пазар.

„Sabadell“ ќе плати во готово по 3,40 фунти за акција на „TSB“, соопшти банката со седиште во Барселона во својата порака до британските регулатори. Договорот веќе бил oдобрен од Одборот на директори на „TSB“.

Доаѓањето на британскиот хипотекарен пазар ќе им помогне на „Sabadell“ да се прошири надвор од Шпанија. Банката постигна во 2014-та година годишна нето добивка во износ од 371 милиони евра (395 милиони долари), а целта до крајот на 2016-та година е постигнување на ниво од 1 милијарда евра.

„TSB“ располага со вкупна актива од околу 27,2 милијарди фунти и 4,6 милиони британски клиенти.

Шпанската банка помина успешно при проверка на финансиската стабилност во минатата година, откако го подигна капиталот во 2013-та година преку продажба на акции. Освен во Британија, „Sabadell“ веќе располага со средства на американскиот пазар, каде што пред две години се стекна со „JGB Bank“, како и во Мароко и Франција. Се очекува подоцна во оваа година банката да се добие и лиценца за работа во Мексико, пренесуваaт медиумите.

„TSB“ е eден од четирите најголеми доверителот на Островот, кои заедно контролираат околу 80 отсто од банкарскиот сектор во Велика Британија. Банката ја прошири својата база на клиенти за 8,4 отсто во 2014-та година, надминувајќи ја целта за пораст од 6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП