18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLagonda Taraf ќе се продава и во Европа (фото+видео)

Lagonda Taraf ќе се продава и во Европа (фото+видео)

taraf

Британскиот производител „Aston Martin“ официјално објави дека ревитализираната марка „Lagonda“ ќе се нуди и во Европа, а првиот нов модел на луксузниот бренд е „Taraf“.

taraf1

Првично беше најавено дека „Lagonda Taraf“ ќе биде достапна само за одбрани клиенти од Блискиот Исток. Сега станува јасно дека 200 примероци од моделот ќе бидат пуштени на одбрани пазари, меѓу кои Европа, Јужна Африка и Сингапур.

taraf2

„Мој главен приоритет е ставање на „Lagonda Taraf“ на светските пазари. Добиваме барања од сите краеви на светот, должни сме да задоволиме желбите на нашите клиенти“, изјави извршниот директор на компанијата Енди Палмер.

taraf3

Изјавата на Енди Палмер претпоставува дека брендот „Lagonda“ ќе биде понуден и на други пазари, меѓу кои САД и Кина. Главниот пазар на луксузниот бренд сепак останува Блискиот Исток, бидејќи моделот е создаден по вкусот на локалните клиенти.

taraf4

Како што веќе беше соопштено „Lagonda Taraf“ е производ на единицата „Q“ што се занимава со измената на моделите на „Aston Martin“. Автомобилот користи алуминиумска шасија „VH“, а каросеријата му е изработен од карбон. Моторот е 12-цилиндричен со зафатнина од 5.9 литри и моќност од 560 КС. Се очекува забрзувањето од место до 100 км/час да трае околу 4.2 секунди.

taraf5

Што се однесува до опремата, таму ограничувања нема. Моделот може да биде опремен со секакви статисти и материјали, а уште стандардна опрема вклучува две одделни задни фотелји, за кои е предвиден пристап до инфо-забавните функции на возилото, подвижен потпирач за раце со држачи за чаши, кулер за пијалаци и многу други.

„Lagonda Taraf“ ќе се произведува рачно во фабриката во Хајден, Велика Британија. Цените на моделот се уште не се објавени, но се претпоставува дека „Taraf“ ќе чини над 500.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП