28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИстече забраната за продавање на акциите на Alibaba во сопственост на „инсајдери“

Истече забраната за продавање на акциите на Alibaba во сопственост на „инсајдери“

alibaba 35

Шестмесечната забрана за продажба на 437 милиони акции на кинескиот гигант за е-трговија „Alibaba“, кои се во сопственост на „инсајдери“, истече во средата.

Акциите на Alibaba беа сврстени во котизација на Њујоршката берза во септември, со рекордна иницијална јавна понуда (IPO) вредна 25 милијарди долари. Првиот ден од тргувањето акцијата вредеше 93,89 долари, а највисоки 120 долари достигна на 12-ти ноември.

Шест месеци подоцна нејзината вредност се спушти за околу 30 отсто во однос на највисока вредност забележана во ноември, на 84,50 долари. Тоа значи дека сеуште 34 отсто над почетната понуда, која изнесуваше 68 долари.

Во средата, пак, по истекот на забраната за продажба на 437 милиони акции во сопственост на „инсајдери“, за еден час цената на акцијата падна 0,9 отсто, на 83,70 долари, а беа истргувани 18 милиони акции, околу два милиони повеќе од дневниот просек.

Во мај, по објавата на деловните резултати на Alibaba, истекува и забраната за продажба на дополнители 100 милиони акции во сопственост на вработените.

Тромесечните резултати за периодот до крајот на декември 2014-та година ги разочараа берзите бидејќи покажаа скок на приходите од „само“ 40 отсто на годишно ниво, додека во претходното тромесечје растот изнесуваше 53,7 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП