25 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 19.03.2015

Дневен хороскоп 19.03.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не обрнувајте им внимание на разговорите на еден Рак, но сепак бидете внимателни бидејќи многу лица се ваша конкуренција. Сакате да најдете начин како да се смирите со некој кој до неодамна ви бил многу верен. Ако таа личност од некоја причина се променила, запрашајте се дали вие сте придонеле во тоа. Верувате во можноста за изнаоѓање на решение за финансиските проблеми.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не влегувајте во аранжмани со Стрелец, Рак и Девица. Потребен ви е совет од личност која живее во странство или која има контакти со странци. Добивате поддршка од повеќе страни во врска со работата која сакате да ја започнете.  Ќе добиете повик од некоја Вага која добро ве познава и знае како да ви помогне да го решите прашањето за вашиот статус.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Позицијата на Месечината во Рак кај вас поттикнува потреба за некои нови работи во доменoт на приватниот бизнис или можен разговор со членовите од фамилијата за некои заеднички планови кои би можеле да ви донесат некои нови шанси кога станува збор за вашата кариера. Ќе добиете прилика да се смирите со некој кој во последно време ве игнорирал. Не би требало да влегувате во било каква расправија со други Близнаци или Шкорпија.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Поради нешто сте вознемирени, работите не ви се поставени на свое место. Одличен ден за склопување договори и за деловни реформи. Се ќе биде поуспешно отколку што замислувавте. Но, тоа не значи дека финансиите ќе ви бидат сјајни, пробајте да им одолеете на слатките излози од продавниците, и заштедете некој денар.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Добивате деловна сатисфакција, но таа не ве прави среќни. Бидејќи сте нескромни, ситуацијата ни од далеку не може да ги задоволи вашите апетити. Влевате надеж во нешто, но имате погрешна претстава. Се надевате дека ќе ви бидат вратени некои пари кои одамна сте ги позајмиле, но постои можност да се појави конфликт во врска со нив.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе се разбудите полни со ентузијазам и мотивираност. Денес нема да има граници за вас – ќе постигнете се што ќе наумите. На работа сите ќе посакаат да го земат вашиот пример, обидете се да останете такви до крајот на работното време. Некој Бик е отворен за деловна соработка со вас, внимавајте тој ја сака сигурноста, не сака детски работи.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Имате впечаток дека некој има нешто против вас и дека е подготвен да ви направи некоја сплетка на работа. Некој Бик, Рак или Јарец се обидуваат да ви дадат корисен совет, но тоа до вас не допира. Имате на кого да се потпрете, особено ако сте подготвени да разговарате за некоја нова работа со некоја Шкорпија. Можна е вест за добивка.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Планетите ве штитат на тој начин што ви испраќаат позитивна енергија и позитивни случувања. Внимавајте да не се активирате и да ја пропуштите добрата шанса. На работата не можете да се пожалите. Имате премногу обврски и тоа во време кога не е сезона за тоа. Но, ќе заработите добра сума и ќе почнете нови проекти.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Оваа недела малку ќе здивнете и ќе се ослободите од тензиите. Креативноста ви е нагласена, па успех ќе имате во сите области поврзани со уметноста. Пишувајте и занимавајте се со филозофски теми. Некои странски лица се обидуваат да стапат во контакт со вас, обидете се да го слушнете нивното мислење, ќе добиете добра награда.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Мора да бидете поупорни и посигурни, тоа го бараат моменталните околности. Многу деловни обврски ви го одвлекуваат вниманието од емотивното незадоволство. Вашиот проблем е тоа што не верувате во себе. А, да бидеме реални и не сте баш за верба. Обидете се да внимавате и да ги промислувате сите постапки кои планирате да ги направите. Побарајте совет од некоја Девица, денес таа ќе ви помогне.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Марс во Вага ве прави подготвени да ризикувате кога станува збор за некоја нова работа, а Месечината во Лав ве прави подготвени да го направите најдоброто, како и што се очекува. Вашите колеги ќе имаат недоверба во вас, но тоа на крајот на денот ќе се промени и ќе добиете извинување. Вашата ангажираност е голема, очекувајте зголемен профит. Во овие десетина дена внимавајте на кого му верувате, ќе се појават некои лица кои ќе сакаат да го заземат вашето место.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Промените се природен тек на околностите. Може наеднаш настанале, па поради тоа ви е тешко. Не сте расположени за работа. Ви одговара работа поврзана со уметност и со комуникација. Обидете се да гледате попозитивно на работите, наредниот период е тежок кога станува збор за финансиите, затоа не се опуштајте во пазарењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП