7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоради поправка Ferrari ги отповика сите примероци на LaFerrari (фото)

Поради поправка Ferrari ги отповика сите примероци на LaFerrari (фото)

proizvodstvo laferari

Следниот суперавтомобил, кај кој е откриен ризик од самозапалување е „LaFerrari“, тврди „Аutoblog.nl“. Холандското издание наведува дека „Ferrari“ ги повлекува сите примероци од моделот во своите работилници.

Според информациите сите 499 примероци од моделот ќе бидат подложени на принудна поправка, за да се избегне евентуален ризик од самозапалување. Пред неколку години поради сличен проблем беа повикани на поправка сите примероци од моделот „Ferrari 458 Italia“.

ferrari-recall

Информациите околу „LaFerrari“ е ограничена, а од краткиот коментар на „Ferrari“ станува јасно дека ова не е сервисна акција. Сопствениците на возилата биле повикани да ги доведат своите автомобили во работилниците за да се направат мали измени во резервоарот за гориво, пишува уште „Аutoblog.nl“.

Распространета фотографија од холандското издание, сепак покажува дека станува збор за далеку посериозна поправка, при што е расклопен целиот заден дел на моделот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП