26 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 17.03.2015

Дневен хороскоп 17.03.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Еден од подобрите денови за оние кои планираат проширување на соработката со лицата кои се присутни во јавноста, кои се подготвени да се вклучат во тимската работа. Покажувате добра волја кон еден Рак, Бик или некој друг Овен иако можат да бидат прилично напорни соработници. Имате прилика да ги поправите односите со Стрелец или Јарец и да ја обновите соработката.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Прилично сте неспокојни бидејќи не сте во состојба ситуацијата да ја завртите во своја корист дури и ако се работи за работа во која сте верзирани. Една Вага се обидува да ве убеди дека треба да бидете попопустливи и да ги прифатите нештата кои се реалност и оние на кои не можете да влијаете. Не се оптеретувајте со она што ќе го слушнете од некоја Девица а се однесува на вас.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Планирате нови деловни и општествени контакти. Се обидувате да организирате средба со лица што долго не сте ги виделе и кои речиси ве заборавиле. На работа успевате да бидете интелектуално надмоќни. Дружењето со Биковите и Девиците е вистински мелем за душата.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

На работа и понатаму добро ќе ви оди. И не само добро, ќе ги зголемите контактите и повеќе ќе се ангажирате околу соработниците. Некои ќе ја отворат вратата на нови личности за работа или пак тие самите ќе бидат повикани да работат на друго место. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Направете нешто за оние на кои им треба помош.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не се разочарувајте ако немате мотивација да се стремите кон остварување на вашите големи планови. Потребно е да се реорганизирате и да си ја повратите енергијата. Од утре ќе се почувствувате како нови. Но дотогаш, бидете потолерантни кон себе. Искористете го денот за повеќе размислување и психички труд, наместо да се фрлите на динамична активност.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Идеален ден за се што има врска со партнерството и здружувањето. Надевајте се на успех во сферата на трговијата. Доколку забележите дека во средината во која се движите, односите се нарушени, потрудете се да не бидете баш вие таа личност што ќе ги исправува. Без оглед на успехот, треба да се биде реален во проценката, подготвен и правилно да се однесувате.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Засилената енергија е комбинирана со пречувствителни реакции, па лесно ќе бидете во ситуација да заплачете. Се советува да не губите глава и да не паничите, туку разумно да ги согледате своите позиции. Опасноста од повреди исто така постои, но со разумно и сталожено однесување, успешно ќе ги елиминирате.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес поради потребите на вашата кариера можеби ќе ги потиснете вашите потреби. Сепак, вашата амбиција ќе биде задоволена со некои информации кои може да ги добиете од далеку. Многу е веројатно дека таа информација ќе ви биде од корист затоа искористете ја без чекање.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Има многумина на кои можете да се потпрете, особено на некој Рак или на некој Јарец. Месечината во Близнаци навестува можност за разговор со лица на некоја позиција, но со многу млади лица, а на вас тоа ви одговара бидејќи ќе бидете во можност да дадете предлози за кои сте уверени дека ќе бидат прифатени.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Во пријателските односи сте исклучително фер и подготвени сте да се жртвувате за оние кои ви се драги. Вие сте во вашиот елемент особено ако денес се одлучите да решите некои прашања кои се однесуваат на големи пари, бидејќи денешната позиција на планетата Меркур во астролошкото поле на партнерските односи ви одговара.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Не го полнете вашиот дневен список со многу задачи и обврски затоа што ве очекува еден не толку продуктивен ден. Иако имавте силна желба денес да расчистите голем дел од задачите кои ве очекуваат оваа недела, најверојатно ќе треба малку да ги одложите плановите. Добра вест е што ќе бидете многу креативни, па искористете го тоа до максимум.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Во прв план секогаш ви е друштвото. Искористете го организаторскиот талент, ентузијазмот и желбата за големи достигнувања. Разумно распределувајте ги парите. Бидете трпеливи во односот со партнерот. Вашите способности многу повеќе доаѓаат до израз кога знаете дека некој е еден чекор зад вас

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП