8 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 14.03.2015

Дневен хороскоп 14.03.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Во вечерните часови ќе добиете понуда за која сте мечтаеле, но тоа ќе биде прилично нејасна понуда за која треба да размислите. Бидете подготвени да се зафатите со некоја работа која можеби не изгледа така сјајно, особено ако треба да работите со Рак, Риби или Јарец.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Многу работи се движат кон подобро бидејќи вие така сте решиле, особено во сферата на финансиите. Се обидувате да се поставите максимално професионално и на себеси да не си дозволите било кој да ве оптеретува со неговите проблеми. Тоа особено се однесува на еден Лав кој може да се обиде да ја искористи шансата да се наметне на начин кој вас може да ве нервира. Практичната страна на вашата природа доаѓа до полн израз.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Со љубезност успевате да придобиете некој кој во последно време бил прилично непријатен кон вас или сте го доживувале како личност која ве игнорира. Тоа може да биде деловниот партнер, но и некоја личност која ви е драга, можно е и да е некој пријател. Денес, вашата насмевка и позитивна енергија ќе ги расположи лицата на сите околу вас.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Може да започнете со некои деловни потфати кои сигурно ќе ви се исплатат. Многу сте остроумни и овој ваш квалитет доаѓа до израз во некое поголемо друштво. Денес можете да очекувате поддршка од една Водолија. Доколку во вашата близина се случат кавги, избегнете ја таа ситуација.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денот е како создаден за тајна љубов. Ќе бидете подготвени кога љубовта е во прашање и доколку имате тајна симпатија ќе најдете време да се сретнете со неа. Оние кои се подолг период во врска или во брак ќе имаат впечаток дека претерано се жртвуваат за партнерот или дека во се им попуштаат.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Добро комуницирајте и со оние кои не ги сакате бидејќи успевате сите да ги разоружате со љубезност и внимание. Некој ќе посака да се сретне со вас и да ви раскаже некоја негова тајна. Не бидете недоверливи, дадете му шанса. Ако подолго време сте на исто работнот место, постои можност да бидете незадоволни од случувањата.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Добро ќе се чувствувате во друштво на некој Рак или Шкорпија кои добро ве познаваат и кои се свесни колку им значите. Подготвени сте да направите многу за личноста која ви е драга, особено ако се работи за некој кој има слична професија со вашата или е изразено амбициозен. Ако сте слободни, еден Бик или Стрелец ќе се обиде да го привлече вашето внимание.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Она за што сонувате би можело да се случи, особено во врска со некој страствен знак како Шкорпија или Јарец. Можна е тајна врска со некој кој го среќавате во деловните кругови или ако имате намера некаде заедно да патувате. Средновечните Шкорпии можат да се надеваат на додворување од страна на некоја влијателна личност.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ви се укажува одлична можност за патување. Бидејќи сте материјалистички настроени, пресметајте како ќе профитирате од тоа. Не грижете се, ќе успеете, иако ви се случува често да инвестирате во погрешни лица и работи. Нервозни сте поради преокупираноста на партнерот со работа. Помалку озборувајте.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ви одговара влезот на Марс во знакот на Вага бидејќи мислите дека ви носи позитивна енергија, мотивација и нагласена креативност. Попладневните часови се попријатни за секаков облик на дружење, работа и соработка особено со жените и уметниците. Покажете доволно трпение и добра волја за некоја комплицирана ситуација да се реши во ваша корист. Играјте игри на среќа.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Астролошката куќа на пријатели е добро позиционирана, во овој период ќе им посветите големо внимание на средбите со пријателите. Не се откажувајте од вашите цели и од она што го работите, многу полесно можете да постигнете повеќе од тоа што мислите. Бидејќи среќата ве следи на љубовен план, не оптоварувајте се со ситници, туку обидете се да се олабавите и да уживате.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе се појават проблеми на емотивен план како последица на погрешни процени, но затоа периодот ви е поволен за уметност. Доколку она што ви задава проблеми на материјален план го пренасочите на духовен и на филозофски план, ќе постигнете рамнотежа и ќе бидете задоволни. Инспирацијата ви е нагласена, па не дозволувајте да остане неискористена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП