19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПодобрување на бруто профитната маржа, еднократен удар од отуѓувањето на средства расположливи...

Подобрување на бруто профитната маржа, еднократен удар од отуѓувањето на средства расположливи за продажба

zito

Во 2014 година Жито Лукс се фокусираше на својата основна профитабилна дејност. Продажбите на леб се количински зголемени за 4%, како резултат на поагресивни рекламни и промотивни активности и збогатување на асортиманот со нови производи со додадена вредност.

Сето ова, вклучително и нашата постојана контрола на трошоцитеводеа до пораст на бруто профитната маржа за 1 процентуален поен.

Нето продажбите регистрираа пад како резултат на намалување на цените споредбено со истите во 2013 година под влијание на конкурентни пазарни услови, како и поради намалување на обемот на продажбите на секундарната категорија -професионално брашно.

Значителен дел од нашите активности се движеа во насока на отуѓување на основните средства вон употреба. Се реализираше продажбата на недвижниот имот Автокоманда што имаше влијание врз подобрување на работниот капитал и намалување на позајмиците од банки како и расходите по камати.

И покрај фактот што отуѓувањето на средствата кои се чуваат за продажба беше реализирано по најповолната понудена пазарна вредност, сепак истата беше пониска од нето книговодствената вредност, што во комбинација со ефектот од проценкатана останатите средства кои се чуваат за продажба, влијаеја врз загубата од работењето од 104 милиони денари.

Обидот да ги намалиме производните трошоци во 2014 година како и комерцијалниот моментумот стекнат во последниот квартал за производите за широка потрошувачка, се солидна основа за позитивна 2015 година, изјавија од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП