7 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.03.2015

Дневен хороскоп 13.03.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Се обидувате да бидете рационални но всушност сте прилично осетливи. Месечината ви создава потреба за признание и најверојатно ќе сакате да направите нешто за себе лично и за својата сатисфакција. Ќе имате прилика да се договорите со некој Бик околу некои многу важни прашања. Би требало да бидете практични во своите размислувања за она што ве очекува бидејќи пред вас е многу поволен период во кој можете да имате добра заработка.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Понекогаш различни обврски претставуваат голем товар, но не можете да имате убедливо оправдување или изговор. Нема потреба да барате ново олеснување или заобиколно решение. Работата која ве заморува треба да ја завршите во најкратко можно време и без надмудрувања во дијалогот со соработниците. Поттикнувате кај себе поголема одговорност. Во семејството покажете дека имате доверба во нечии намери.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес ќе бидете максимално ефективни, па ова е совршен ден за средување на оние задачи и обврски кои бараат од вас целосна посветеност. Бидете строги ако некој се обидува да ви го одвлече вниманието.Одредена личност ќе се обиде да ви подметне повеќе обврски или да извлече корист од вас. Отворете си ги очите и заштитете се од манипулатори.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Вашата работа во моментов е стабилна, обидете се да ја задржите на иста позиција. Сонцето влегува во вашиот креативен сектор, се чувствувате среќно. Тоа одлично ќе ја изрази вашата личност и ќе ве направи среќни. Ќе бидете романтични повеќе од вообичаено. Имате потреба од повратна емоција на позитивен начин. Најдете повеќе време за себе.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Останете на својот став и не дозволувајте никој да ве оптеретува, особено кога станува збор за вашата кариера, а знаете и зошто. Имате јасна цел и нема да се откажете од своите планови дури и ако една Шкорпија која за вас е авторитет, се обиде да ве наговори на нешто што таа го смета за правилно. Ако имате некаков проблем на работа однесувајте се сталожено и не дозволувајте туѓите проблеми за вас да бидат приоритет.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Многу разни емотивни состојби можат да ве обземат во текот на следните неколку дена, но истите ќе се обидете на својствен начин да ги скриете и да не ги покажувате пред другите иако може и да не успеете во тоа, па да имате некаква емотивна ерупција или испад, посебно кон едниот родител, близок на партнерот и сл. некаква нереална загриженост поради вашиот статус, поради вашата професионална дејност и слично.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Голема моќ се крие зад вашата самодоверба. Затоа искористете ги околностите и блеснете со вашиот ентузијазам. Можно е да реагирате премногу бурно на некој коментар од близок пријател, што не е вообичаена реакција од ваша страна. Обидете се да се контролирате и да не кревате голема врева за ништо. Не ги разочарувајте блиските, бидејќи тие имаат многу големи очекувања од вас.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Прилично нестабилности и поделени чувства во однос на некаква ваша јавност или случувања во неа, значи во вашата околина или по прашање на некакви случувања во врска со вашиот партнер. Можни се добивања на многу непроверени и искривени информации од блиски личности, некакви мали ситни лаги кои веднаш ќе ги забележите поради нелогичноста и неспонтаноста која ја носат сите измислици во себе. Најчесто ќе ви ги пласираат ептен блиски личности од вашето опкружување.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Месечината во вечерните часови навлегува во знакот на Рак што на вас би можело да ви донесе нови можности околу пронаоѓањето на нова работа. Можно е во тоа да ви помогне некоја женска особа со која одлично се разбирате во сите прашања или се работи за некој кој го сметате за свој добар пријател. Добро соработувате со оние со кои ве делат голем број на години, независно од тоа дали и припаѓате на младата или повозрасната генерација.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денот е поволен за разговор со Рак или Стрелец и тоа треба да го направите што е можно побрзо, особено ако сакате да започнете нова работа бидејќи денешната позиција на Месечината е добра за оние кои сакаат да се вклучат во некој поголем бизнис, без разлика дали станува збор за областа на недвижнини или работа со странци. Денес е добар ден за секој облик на фамилијарен собир, особено со лицата кои живеат во странство.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Покажувате добра волја да се реши проблемот за кој вашиот колега постојано зборува и укажува на некои пропусти, а вие на тоа не обрнувате внимание. Ако сте во фаза на потрага по работа, сосема неочекувано еден Рак, можно да е добар пријател, ќе ви понуди некоја можност. Обидете се да се прилагодите на некоја нова ситуација во вашиот дом. Можен е повик од странство.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ви се дава можност да се сретнете со некој колега со кој некогаш сте биле многу блиски, а долго време не сте се виделе и најверојатно се работи за работа која треба да ја обавите некаде на краток пат. Би требало да се договорите со оние од кои на некој начин зависите на финансиски план. Можно е да станува збор за блиски соработници кои ве доживуваат како конкуренција и кои се обидуваат некако да ве стават во сенка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП