3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSUV моделот на Rolls-Royce нема да користи шасија на BMW

SUV моделот на Rolls-Royce нема да користи шасија на BMW

suv rr

Идниот „SUV“ модел на „Rolls-Royce“ ќе користи целосно нова шасија, што се развива од страна на инженерите на британската марка и нема да биде споделена со „BMW“, соопштува „Automotive News“.

Авторитетното издание го цитира извршниот директор на „Rolls-Royce“, Торстен Милер-Отвос кој прецизира дека предметната платформа е целосно алуминиумска и ќе биде користена за сите идни автомобили на луксузната марка.

Од алуминиум ќе биде изработена и каросеријата на предметниот „Rolls-Royce“, што ќе му овозможи на моделот да биде меѓу најлесните во сегментот, рече уште Милер-Отвос и прецизира дека некои компоненти за моделот ќе бидат превземени од идниот „BMW X7“ што треба да излезе во 2018-та година.

suv rr1

Во поглед на дизајнот на првиот „SUV“ на „Rolls-Royce“, извршниот директор на компанијата изјави дека тој во моментов се финализира, а веќе во наредните месеци ќе ги видиме првите тест прототипи на возилото.

„Тоа ќе биде вистински „Rolls-Royce“, со кој сепак ќе можете да се разликувате од останатите конкуренти во класата“, рече Торстен Милер-Отвос.

Од претходните информации се знае дека моделот ќе биде долг речиси колку „Phantom“ (5842 mm) и ќе претставува вистинско теренско возило. Се очекува дека тој да го добие името на најголемиот дијамант во светот – „Cullinan“, а цените ќе стартуваат од околу 275.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП