3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЖеневска премиера: McLaren 675LT (фото+видео)

Женевска премиера: McLaren 675LT (фото+видео)

mc lt

Помоќна, но и полесна верзија на „McLaren 650S“ пристигнува на пазарот во јули, а ќе чини околу 260.000 фунти.

„McLaren“ во Женева го претстави моделот „675LT“, како ривал на „Ferrari 488GTB“, кој исто така имаше премиера на оваа угледна манифестација.

mc lt1

Новиот модел е заснован на „McLaren 650S“, a при неговото конструирање инженерите на британскиот производител имале на ум суперавтомобил кој може да се покаже и на тркачката патека.

Постигната е значајна заштеда во масата на возилото, па со 1.230 kg „McLaren 675LT“ зa 100 kg е полесен од моделот „650S“. Во однос на „постариот брат“, „675LT“ има издолжен заден дел, поради што го доби додатокот „LT“ (Long Tail) во името.

mc lt2

Моќта се добива од подобрениот 3.8 литарски „twin-turbo V8“ мотор кој развива 675 ks и максимален вртежен момент од 700 Nm.

Благодарејќи на сите овие подобрувања, „675LT“ е способен од место до „стотка“ да стигне за 2.9 секунди, додека до брзината од 200 km/h му е потребно 7.9 секунди. Максималната брзина на автомобилот е 330 km/h.

mc lt3

Само за споредба, 3.9 литарскиот „V8“ турбо-бензинец во „Ferrari 488GTB“ произведува 670 ks и 760 Nm. „Ferrari“ од место до „стотка“ забрзува за 3 секунди, а до 200 km/h за 8.3 секунди, додека максималната брзина е идентична како кај „McLaren“.

„McLaren“ првите примероци од моделот „675LT“ ќе ги испорача во јули, по цена од околу 260.000 фунти (околу 364.000 евра), што е за 65.000 фунти повеќе од послабиот „650S“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП