20 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИGoogle го губи својот главен финансиски директор

Google го губи својот главен финансиски директор

patrik pise

Американскиот технолошки концерн „Google“ загуби топ менаџер во лицето на главниот финансиски директор Патрик Пише, кој поднесе оставка, објави Ројтерс, повикувајќи се на задолжителното соопштението на компанијата до Комисијата за хартии од вредност и берзи (SEC).

Се уште не е познато кога практично Патрик Пише ќе прекине да ги извршува своите обврски. Тој предложил помош при изборот на негов наследник, кој треба да дојде на функцијата за максимум шест месеци.

Првично не беа познати повеќе информации и причини за одлуката на менаџерот. Подоцна, сепак „Financial Times“ напиша дека како причина за повлекувањето, Пише ја навел желбата да биде повеќе време со своето семејство. Менаџерот работи за компанијата од 2008-ма година. Пред тоа беше агнажиран во телекомуникациската индустрија.

Аналитичарите коментираат дека на „Google“ ќе му е потребна околу половина година, за да може да најде замена на досегашниот директор.

По веста за неговото повлекување акциите на „Google“ паднаа со 1% до 555,01 долари на берзата во Њујорк. Претходно во редовната трговија акциите забележаа раст од 2,5 отсто до 559,85 долари.

„Google“ ги оствари некои од најголемите аквизиции за време на владеењето на Пише, вклучувајќи ги „Nest Labs Inc“ за 3,2 милијарди долари и мобилниот бизнис на „Motorola“, кој го купи за 9,8 милијарди долари, а подоцна го продаде на делови. Цената на акциите на „Google“ се зголеми повеќе од двојно во текот на неговото владеење.

Во последно време голем број врвни менаџери го свртија грбот на компанијата. Во јули 2014-та година изненадувачки компанијата ја напушти главниот оперативен директор Никеш Арора – близок пријател на Коосновачот на концернот Лари Пејџ. Арора премина во јапонската телекомуникациска група „SoftBank“.

Подоцна од концернот си замина основачот и до неодамна шеф на поделбата „Android“, Енди Рубин – по девет години во компанијата. Според „The ​​Wall Street Journal“, Рубин развива во моментов „инкубатор за стартап“, насочен кон хардверот. Покрај нив компанијата ја напуштија и шефот на подружницата „YouTube“, како и шефот во областа социјални мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП