7 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.03.2015

Дневен хороскоп 11.03.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Можеби во текот на претпладневните чсови ќе бидете соочени со некои неочекувани проблеми. Брзањето при донесувањето на одлуки нема поволно да се одрази на вашата работа и на организацијата на вашиот живот. За совет од било кој вид во попладневните часови обратете се кај женско лице во знакот на Рак или Вага. Трудете се да најдете начин како да го убедите Стрелецот да го прифати вашиот предлог.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ова би можело да биде успешен ден за повеќето претставници од вашиот знак особено ако имате барем три планети во воздушните знаци. Верувате дека сте во состојба да се организирате како што треба кога станува збор за работа која сакате што побрзо да ја завршите бидејќи размислувањето за тоа ви е прилично стресно. Имате впечаток дека ве игнорира еден Јарец или некој Рак со кој немате толку добра комуникација каква што сакате.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Напорен ден бидејќи имате премногу обврски или сте уморни. Некој се обидува да ви ги наметне своите желби или своите планови. Меркур, владетелот на вашиот знак се движи кон Риби што ве прави нетрпеливи. Не се откажувајте од желбата еден Рак да го убедите дека треба да ве послуша за некои важни прашања. Акцијата меѓу Месечината и Сатурн може да ве направи прилично неспокојни.

rak1

 

 

Рак (22.06 – 22.07)

Месечината и Сатурн управуваат денес со вашиот начин на комуникација поради што можете да бидете поголеми ентузијасти. Сатурн негативно влијае на оние кои не се подготвени на било каква критика. Имате голема потреба да направите нешто по ваше, а многумина ќе се обидат да ве натераат да ги послушате нив. Ве нервира фактот дека би требало да работите како што другите сметаат, како вашиот интегритет да се нарушен со тоа.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Во исчекување сте нешто да се случи и се обидувате да владеете со себе и ситуацијата во која се наоѓате да ја гледате од комичен агол. Не можете да се снајдете во нешто што од вас бара добра концентрација. Планирате да ги изненадите Близнаците или Девицата со своите идеи кои се однесуваат на некои недвижнини или приватен бизнис.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ова би можел да биде за вас многу активен ден на сите полиња, особено на работа бидејќи имате многу обврски кои треба да ги завршите. Ќе имате слух за една Вага и за нејзините предлози но не и за Бикот кој се обидува да ви го наметне неговиот стил на работа. Не знаете како да ја избегнете кавгата со некој Овен или Јарец. Можни се зголемени трошоци.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Се двоумите како да направите нешти што се очекува од вас или сте несигурни во поглед на нешто што би требало да започнете да го работите. Ако ве контактира некоја енергична колешка веројатно морате да и дадете конкретен одговор и да започнете што побрзо со реализацијата на договореното. Се обидувате да се навикнете на некој нов начин на комуникација со Рибите.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ова би можел за вас да биде напорен ден во кој од вас се очекува да преземете иницијатива кога станува збор за разработка на проектот, продолжување на соработката, собирање на тимот или соработниците, но коњукцијата на Месечината и Сатурн никако не ви оди во прилог. Премногу попустливиот или премногу ригидниот став носи проблеми на секое поле.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денот ќе ви биде напорен поради транзитот на Месечината кој ве прави нестабилни. Амбициозни сте повеќе во споредба со претходните денови иако имате многу незавршени задачи. Имате впечаток дека некој е подготвен да го прекрши договорот со вас и да ве изневери. Ако се занимавате со приватен бизнис или пак сакате сега да го започнете, бидете внимателни со Рибите, Ракот или Овенот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Транзитот на Месечината преку Стрелец ве прави премногу нетрпеливи и колебливи а соработниците ви изгледаат како своеглави и недоволно одговорни. Претераната дискретност и извесната доза на таинственост не ви носат добри нешта. Сакате да се договорите со соработниците за некои нови нешта кои сте ги смислиле, но кај вас постои страв дали ќе бидат прифатени.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денот е исклучително поволен за оние кои сакаат да започнат некоја работа со Близнаци или Вага. Во моментов малку работи се одвиваат во ваша корист, па така постои можност да бидете соочени со бројни критики од блиските лица. Добро се согласувате со Стрелец со кој ќе воспоставите успешна комуникација и лесно ќе се договорите за некои важни прашања.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Со причина сте станале сомнителни во очите на некој пријател кој во последно време започна да се завртува кон некоја Водолија или Стрелец и да ве игнорира. Тоа особено се однесува на полето на пријателството но е поврзано и со полето на парите. Имате причина за да започнете кавга но сепак смирете ја ситуацијата. Некои блиски лица се среќни што сте започнале да водите сметка за вашето здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП