9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГерманците ја избраа Женева за дебито на SL Mille Miglia 417 Special...

Германците ја избраа Женева за дебито на SL Mille Miglia 417 Special Edition (фото)

mille

„Mercedes-Benz“ пред публиката во Женева ја претстави специјалната верзија на родстер „SL“, која го носи името „Mille Miglia 417 Special Edition“.

mille1

Автомобилот е изграден во чест на 60-годишнината од победата на родстер „Mercedes-Benz 300 SLR“ на легендарното италијанско рели за издржливост „Mille Miglia“. Зад воланот на возилото со број 417, тогаш беше еден од најголемите пилоти во светот – Англичанецот Стерлинг Мос.

mille2

Специјалното кабрио е изградено врз основа на модификациите „SL 400“ и „SL 500“ во вкупен тираж од 500 примероци. Моделите добија црвени акценти на предниот сплитер и на задниот браник, 19-инчни бандажи напред и 20-инчни задни, како и црвени апарати на механизмот за сопирање.

mille3

Во кабината на возилото се вклучени елементи од карбон, како и дополнителни елементи повторно во црвено. На седиштата има натпис „Mille Miglia 417“, како и специјални табели, покажувајќи ја припадноста на автомобилите кон специјалната серија.

mille4

Кабрио „SL400“ е опремен со твин-турбо „V6“ мотор кој развива 333 КС, додека „SL500“ се потпира на „V8“ со 2 турбини и моќност од 435 КС. И двата модела имаат прилагодливи амортизери, а системот „Active Body Control“ се нуди со доплата.

mille5

Послабата модификација е за 14.000 евра поскапа од стандардниот „Mercedes-Benz SL400“, додека кај „SL500“ разликата во цената е 12.800 евра. Нарачки за овој автомобил почнуваат да се примаат од 7-ми април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП