30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti блесна во Женева со купе и кросовер (фото)

Infiniti блесна во Женева со купе и кросовер (фото)

zeneva infiniti

Компанијата „Infiniti“ официјално претстави два концептуални модели за време на авто-саемот во Женева. Тоа се купето „Q60“ и кросоверот од премиум-сегментот „Q30“.

Концептот купе „Q60“, чија сериска верзија ќе се појави во продажба кон крајот на 2016-та година, се позиционира како замена на „G37“. На пазарите моделот на Јапонците ќе мора да се натпреварува со „BMW M4“, а ќе се нуди во две модификации.

zeneva infiniti1

Стандардната ќе се потпира на 3.0-литарски бензински турбомотор чии динамични карактеристики засега не е објавена, но според претставник на брендот. Агрегатот обезбедува „исклучителни перформанси“. Се тврди дека сериската верзија ќе развива 400 КС, а на спортската модификација ќе нуди 450 КС.

zeneva infiniti2

Должината на „Q60“ е 4690 мм, широчината – 1865 мм, а висината – 1370 мм. Надворешноста на моделот е слична со онаа на концептот „Q80“ и неодамна претставениот „Q50 Eau Rouge“.

zeneva infiniti3

Покрај тоа, компанијата го покажа и концептуалниот кросовер од премимум-сегментот „Q30“. Тој е со должина од 4.500 мм, што е изграден на платформа со преден погон, кој е во основата на „Mercedes-Benz GLA“.

zeneva infiniti4

Моделот е опремен со 2,0-литарски бензински турбомотор со систем за директно вбризгување на горивото, кој развива моќност од 200 КС. Моторот работи со 7-степен автоматски менувач. А од „Infiniti“ ветуваат дека сериската верзија на кросоверот ќе добие широк спектар на погонски агрегати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП