8 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.03.2015

Дневен хороскоп 05.03.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Се трудите да оставите добар впечаток кај еден Рак кој веројатно ќе го сретнете во поголемо друштво. Ќе бидете расположени за разговор за нешто што ви е навистина многу важно. Очекувате да се вратите во добро познатиот тим со кој некогаш добро сте соработувале. Ќе добиете повик за средба од Вага или Водолија

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Многу нови можности особено во рамките на медиумите или ако се занимавате со тимска работа. Имате шанси да се истакнете во работата и да го добиете она што совршено ви одговара. Верувате дека можете да ги убедите соработниците да ви дадат нова шанса, особено ако сте млади. Финансиската ситуација се стабилизира, меѓу другото, благодарение и на игрите на среќа или некои среќни околности.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Секој ден за вас е се поубав, тоа е така бидејќи во овој период оптимизмот е број еден кај вас. Му се радувате на утрото, на денот, во ноќта се забавувате и се така во волшебен круг. Овој поволен период ќе ви подари некаков вид на среќа кој одамна го очекувате. На работа колегите и соработниците ве фалат на секој чекор, искоритете го тоа да добиете унапредување.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Имате некаков внатрешен проблем, побарајте совет од некој Бик, тоа е најискреното и најдиректното лице кое најмногу ќе ви помогне. Нека не ве растажува финансиската ситуација која ви задава проблеми во општеството. Следат поповолни периоди. Ќе добиете порака која ќе донесе голема насмевка на вашето лице.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Долго бевте во расчекор сами со себе и помеѓу оној дел од животот кој долго време е минато и она што сега ви се случува. На деловно поле ќе ги остварите повеќето фантазии. Следи едно познанство на покус пат кое ќе ја побие вашата сурова логика. Ова познанство има тенденција да се претвори во еден добар деловен контакт.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Среќата постојано ќе ве следи во финансиска смисла, па затоа не треба да се оптоварувате. Се си доаѓа на свое место и во моментите кога мислите дека се е изгубено, нема да бидете свесни какви можности ве опкружуваат. Финансиската ситуација ќе стане доста поволна, но сепак правете внимателни потези.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Внимавајте во љубовта ве очекуваат негативни промени. Препорачлива е консултација со доверлива личност за одлуките поврзани со вашето срце. На работното место се е по старо, и во блиска иднина нема да постојат промени. Незадоолството кое го носите во себе пробајте да го победите со малите нешта кои знаат да ве направат среќни.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Обврските се множат, но вам сето тоа ве исполнува и задоволува. Случувањата кои следат на работното поле само ќе ви отворат уште многу можности за напредок. Ќе бидете при крај со силата и заморот, но и задоволни. Се обидувате реално да ја согледате својата професионална приказна, но ве мачат некои случувања од минатото и повредената гордост.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

На дневен ред доаѓаат инвентивни нешта. Можеби малку ќе потфрлите, но тоа може да се случи само кога станува збор за времето, односно можно е да задоцните со извршувањето на задачите. На повидок се нови очекувања, но за нивно остварување ќе треба да се постават нови темели. Сега ќе утврдувате нови правила на игра.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Во последно време некако чудно се однесувате дури и кон самите себеси. Пријателите и колегите сакаат поискрен однос од вас, но вие постојано нешто подлажувате. Нека не ве залажуваат парите кои во моментов ги имате, подобро е да ги заштедите бидејќи ви претстои период во кој ќе ви бидат повеќе од потребни.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Постојано сте незадоволни, барате нешто повеќе, но верувајте дека со тоа оставате лоша слика за вас. Вашите колеги не можат да го поднесат вашето однесување, мора нешто да промените. Некој не е искрен со вас и тоа дополнително ве раздразнува. Внимавајте на здравјето.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Сакате забава и долги ноќи поминати во друштво, но вашиот деловен живот не го дозволува тоа па затоа сте премногу нервозни. Време е да го промените начинот на живеење и да сфатите дека треба да се насочите кон поинакви желби. Време е за семејство, деца и обврски кои на поинаков начин ќе ви го исполнат денот. Оние кои веќе го направиле тоа, треба да размислат за принова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП