27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНов шведски ѕвер на тркала - Koenigsegg Regera (фото+видео)

Нов шведски ѕвер на тркала – Koenigsegg Regera (фото+видео)

regera

„Koenigsegg“ на саемот во Женева го претстави хибридниот „Plug-In“ суперавтомобил „Regera“ со повеќе од 1.500 „коња“, кој се заканува да го засени моделот „One:1“ од минатогодишниот саем.

Шведскиот производител повторно се поигрува со законите на физиката. Затоа што во 2014-та во Женева премиера имаше моделот „One:1“ кој произведува 1.360 ks, а оваа година на публиката и беше претставен автомобил чија моќ, според зборовите на луѓето од компанијата, „надминува 1.500 коњски сили“, а максималниот вртежен момент изнесува „повеќе од 2.000 Nm“.

Mоделот „Regera“, кој од „Koenigsegg“ го нарекоа „Мега автомобил“ (Megacar), за погон користи 5.0-литарски „V8“ бензински мотор и три електромотори.

regera1

По еден електричен мотор има на задните тркала, а третиот е поврзан со коленестото вратило. Во електричен режим, автомобилот може да мине до 65 km.

Електромоторите се напојуваат од батеријата со капацитет од 9,27 kWh, a покрај нивната дополнителна тежина од 115 kg, масата на возилото изнесува 1.420 kg, a со полн резервоар гориво и другите фулиди достигнува 1.628 kg.

Во развојот на батеријата учествуваше и Мате Римац, чија компанија го проектираше првиот хрватски електричен суперавтомобил – „Concept One“, додека издувниот систем од титаниум е дело на компанијата „Akrapovič“.

regera2

Наместо класичниот преносен систем, со повеќе брзини, „Regera“ практично има само еден степен на пренос, а прелиминарните тестови покажаа дека автомобилот од 0 дo 100 km/h стигнува за 2,8 секунди, додека забрзувањето до 150-250 km/h потребни му се 3,2 секунди.

Од „Koenigsegg“ тврдат дека „Regera“ од мирување до 400 km/h забрзува за неверојатни 20 секунди. Податокот за максималната брзина не е соопштен, но претходните перформанси откриваат дека моделот може да се движи преку 400 на час.

Шведската компанија најави производство на 80 примероци. Секој автомобил ќе биде направен рачно и ќе се продава по цена од околу 1.7 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП