27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLF-SA е концептот кој Lexus ќе го претстави во Женева (фото)

LF-SA е концептот кој Lexus ќе го претстави во Женева (фото)

lf 1

„Lexus“ ги објави првите фотографиите од концептот „LF-SA“, мал премиум автомобил со 3 врати.

Очигледно, „Lexus“ има намера да тргне по стапките на некои поединечни луксузни автомобили кои веќе на купувачите им понудиле модели од под-комапктниот сегмент.

lf 2

Иако ја задржа препознатливата маска на ладилникот и карактеристичните дневни „LED“ светла во форма на бумеранг, новиот концепт доста се разликува од актуелната гама на јапонскиот производител.

Автомобилот има футуристичка форма на каросерија која претставува комбинација на мало купе, кросовер и класичен хечбек.

lf 3

Повеќе детали за ова возило ќе бидат познати по премиерата која ќе се случи на претсојниот женевски авто-саем, а се верува дека „Lexus LF-SA“ го најавува идниот продукциски модел кој ќе биде позициониран под „Lexus CT200h“.

Евентуалната сериска верзија на пазарот би требало да се спротивстави на моделите, како што се „Audi A1“ и „MINI“ хечбекот.

lf 4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП