Групацијата „FIAT Chrysler Automobiles“ ширум светот ќе повлече околу 467.500 возила од марките „Dodge“ и „Jeeр“ со цел да се отстрани евентуалниот дефект на пумпата за гориво, кој може да предизвика блокирање на моторот.

Истиот проблем во септември 2014-та година предизвика повлекување на 189.000 „SUV“ возила од оваа групација, а беа опфатени моделите „Dodge Durango“ произведени во 2012-та и 2013-та година, како и „Jeep Grand Cherokee“ од 2011-та.
Во соопштението од „Chrysler“ се наведува дека дефектот на пумпата може да предизвика блокирање на моторот, но и дека досега не е пријавена ниту една незгода предизвикана од овој проблем.