19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо Микрософт не се секираат поради казната

Во Микрософт не се секираат поради казната

--Digital Life-Tech Test-Outlook Webmail

Микрософт го прекрши договорот кој го имаше со Европската комисија со кој беше обврзан на корисниците во Европа да им овозможи избор на интернет пребарувачи во својот оперативен систем, па поради тоа заработи казна од 560 милиони евра. Но во компанијата не се премногу вознемирени поради големата казна.

Ваквата глоба за секоја компанија ќе претставува огромен непланиран трошок, но според податоците кои се достапни за јавноста всушност објаснуваат зошто никој во Микрософт не се вознемери и дека компанијата со „задоволство“ ќе ја плати.

Имено, Микрософт од својот бизнис во Европа и во останатиот дел од светот во својот џеп има преку 51 милијарди долари кои не сакаат да ги внесат во Америка, затоа што тој износ ќе им биде оданочен со корпоративна стапка од 35 проценти.

Сепак, Микрософт поради казната во Америка ќе има скоро 740 милиони долари помалку, но тоа очигледно нема да им пречи многу и ќе го прикажат како „трошок за оддржување на пребарувачите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП