27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗABT го покажа свој Passat Variant (фото)

ABT го покажа свој Passat Variant (фото)

abt variant

Една од премиерите на тунинг компанијата „ABT Sportsline“ на саемот во Женева ќе биде доработен „Volkswagen Passat Variant“. Моделот добил подобрувања како во дизајнот, така и под хаубата.

Што се однесува до надворешната доработка, таа вклучува модифицирани браници, различна решетка, едноставен заден спојлер и странични прагови, кои му даваат на функционалниот караван далеку поспортски изглед.

abt variant1

Од „ABT Sportsline“ подготвиле исто така различни странични ретровизори, спортски прагови, спортски издувен систем, како и палета на бандажи со големина од 20 или 21 инчи. Внатрешноста е непроменета.

abt variant2

Доработката под хаубата влијае на најмоќната верзија на 2.0-литарски „TDI“ мотор. Благодарение на софтверските промени, мотор добил дополнителни 40 КС, па така веќе генерира 280 КС.

abt variant3

Информации за вртежниот момент, динамиката и потрошувачката на гориво на моторот ќе бидат познати следната недела во Женева. Тогаш се очекува да бидат соопштени и цените на пакетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП