21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПотпишан меморандум за соработка помеѓу Меѓународното училиште НОВА и ЕЛТАМ, асоцијација на...

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Меѓународното училиште НОВА и ЕЛТАМ, асоцијација на наставници по англиски јазик во Република Македонија

cc

Понеделникот, на 23 февруари 2015 година, во просториите на  училиштето НОВА беше пригодно одбележано отпочнувањето на соработката помеѓу Меѓународното училиште НОВА и ЕЛТАМ, асоцијацијата на наставници по англиски јазик во Република Македонија.

Соработката предвидува повеќе различни активности кои се во корист на наставата, информираноста и размената на искуства од областа на образованието, а ќе започне  со организирање на семинар за личен развој за наставниците по англиски јазик од основните училишта во Скопје.

na

На присутните им се обратија претседателот на ЕЛТАМ, г-ѓа Елизабета Христовска Ичева која го истакна своето големо задоволство од потишување на овој документ и можностите кои со овој меморандум се отвораат за двете институции   и директорот на Меѓународното  училиште НОВА, г-ѓа Венера Новаковска, која подвлече дека Со чинот на потпишување на меморандумот за соработка помеѓу двете институции се отвораат многу нови можности за размена на знаења и искуства. Нам, како училиште ни е многу значајно да имаме можност да дадеме своја поддршка во развојот на образованието во Македонија, а тоа може да го постигнеме преку организирање на заеднички конференции, работилници и вмрежување на наставниците. Ова е значаен момент за сите нас.“

nb

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП