23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрва слика од новиот Audi R8?

Прва слика од новиот Audi R8?

Audi-R8www

Фотографија, за која се тврди дека ја претставува новата генерација на „Audi R8“, ја објави изданието „Motor Pasion“. Премиерата на моделот ќе се одржи во почетокот на следната недела, а досега од „Audi“ открија само мали детали за возилото.

Неможеме да бидеме сигурни дека на фотографијата е токму новата генерација „R8“. Меѓутоа, има голема веројатност сликата да е оригинална, бидејќи предниот дел – фарови, браник, отвори за воздух – одговараат целосно на она што го видовме од официјалните маскирани фотографии на моделот.

Изданието „Motor Pasion“ тврди дека сликата е обезбедена од близок човек до компанијата. Во моментов од „Audi“ ниту ја негираат, ниту ја потврдуваат автентичноста на фотографијата.

Германската компанија сепак откри голем дел од новините кај моделот. Тој ќе биде поширок и малку помал од сегашниот „R8“, како и малку полесен.

Еден од моторите ќе биде 5.2-литарскиот атмосферски V10, чија моќ е зголемена до 540 КС. За топ верзијата „R8 Plus“ е предвиден истиот мотор, но форсиран до 609 КС. Ќе има и модификација „R8 e-tron“, за која се знае само дека со едно полнење на батериите може да мине повеќе од 400 километри. Некои извори тврдат и за појавата на V6 агрегат со турбо.

Сите детали за автомобилот ќе бидат познати во почетокот на следната недела во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП