24 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 26.02.2015

Дневен хороскоп 26.02.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Станувате многу ангажирани на работа но и загрижени бидејќи ви се чини дека не можете целосно да владеете со ситуацијата поради некој Јарец или Шкорпија кои ви наметнуваат услови за работа. Не се нервирајте ако соработниците ви предложат нешто што ќе ве чини пари, бидејќи наскоро инвестицијата ќе ви се врати двојно.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ако се занимавате со приватен бизнис, почитувајте ги бизнис правилата и законот бидејќи можете да бидете непријатно изненадени со некоја казна. Можеби ќе бидете жртва на некоја афера или некој скандал, а во најдобар случај ви претстои непријатна сцена на работното место доколку не бидете прилагодливи или подготвени за некој нов договор.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денот ќе го одбележат љубовни згоди и пријатни моменти кои ќе сакате да траат вечно. Блиските лица ќе ве советуваат за некои ваши идни постапки, слушајте ги внимателно. Лекциите што ќе ги научите ќе ви помогнат подобро да ги разбирате другите и нивните мислења. Полесно ќе ги прифаќате емоционалните обврски и одговорности.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Се трудите да се ослободите од некои непотребни нешта, а всушност сте подготвени себеси да се натоварите со некои нови обврски. Не влегувајте во бизнис со некој кој е исклучително упорен и сака да му бидете десна рака во бизнисот. Не би требало премногу да се надевате кога станува збор за соработка со некоја Водолија.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе добиете прилика да се сретнете со некој Рак во вечерните часови, можеби и со некој Лав или Јарец и со нив да ги поделите своите искуства во врска со работата во приватната компанија која на вас ви е многу драгоцена. Можна е добра вест во врска со пари. Понудата од некоја Водолија прифатете ја со резерва.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Се трудите да ги контролирате случувањата на работното место и успевате да стабилизирате некоја ситуација која е многу стресна. Свесни сте дека вашите планови се грандиозни. Ако од неодамна сте на ново работно место би било паметно да не навлегувате во кавги со колегите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ако во последно време сте биде поактивни отколку вообичаено, ќе добиете пофалба, веројатно помала од очекуваната, но сепак ќе бидете задоволни со тоа што некој ја цени вашата работа. Ако имате прилика да изберете меѓу две работни места, поради транзитот на Месечината, најверојатно ќе се одлучите за онаа која ви овозможува да бидете присутни во јавноста.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Колегите кои не ве виделе подолг период ќе се израдуваат на вашата средба и веројатно ќе се потрудат повторно со вас да имаат нова соработка. Имате проблеми со самодовербата и многу сте внимателни за нештата кои ги слушате за себе но и за другите. Следува поволна вест поврзана со пари.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Добрата понуда од некој Стрелец или Овен ќе ве израдува бидејќи ќе сватите дека на лесен начин можете да го решите проблемите во врска со парите. Верувате дека можете да владеете со ситуацијата и лесно да ги убедите оние кои имаат поинаков став од вас за некое многу важно прашање. Обидете се да ги обновите контактите со некои поранешни колеги.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Неодговорни и неорганизирани, лица што не сакаат да живеат според правилата. Овој ден ова ќе биде вашиот главен опис. Внимателно бидејќи на некого сте му дошле преку глава па можно е јавно да ве повика и да ве претстави во лош контекст. Ќе зажалите за некои постапки, но може да биде доцна за тоа.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

На работното место денес ќе имате активен и напорен ден. Иако се чувствувате добро во друштво со личноста која ги поттикнува вашите амбиции, сепак прекумерното залагање можно е да ви пречи. Можни се некои поволни вести од некој кој живее и работи во странство. Ќе ви биде потребен некаков совет од некој Лав.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Потребни ви се добри совети, добра организација на работа и малку поголема самодоверба. Некој успеал да ве предомисли во намерите, па сега следува појава на нервоза поради таа одлука. Подготвени сте да инвестирате повеќе во себе. Добрата состојба на банкарската сметка за вас е најдобра рехабилитација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП