6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda ја претстави новата генерација на Jazz (фото)

Honda ја претстави новата генерација на Jazz (фото)

jaz

„Honda“ ја претстави новата генерација на моделот „Jazz“, кој ќе биде достапен на европските пазари од почетокот на ова лето. Премиерата на автомобилот пред публика ќе се случи следната недела во Женева.

Третата генерација „Jazz“ ја користи глобалната „B“-платформа на „Honda“, па така е зголемена за 95 мм во должина. Благодарение на плус 30 мм растојание меѓу оските, моделот нуди и поголем простор во кабината.

jaz1

Исто како и во претходните генерации на автомобилот, новата располага со „магични“ задни седишта на „Honda“, а нејзиниот резервоар е лоциран под предните седишта. Благодарение на тоа, моделот демонстрира „неспоредлива флексибилност и простор во кабината кој е водечки во класата“, се наведува во информацијата од „Honda“.

Обемот на багажникот е 354 литри и може да достигне до 884 литри при склопувањето за задниот ред на седишта.

jaz2

Зборувајќи за внатрешноста, тој не само што нуди повеќе простор, туку и повисок комфор. Материјалите се со повисок квалитет, има нови системи за безбедност, а дигиталната централна конзола ја крие најновата верзија на инфо-системот „Honda Connect“, кој работи со 7-инчен дисплеј.

Дизајнот на екстериерот е еволутивен и речиси е сличен со американска верзија на моделот која се продава под името „Fit“. Основната разлика е во предниот дел, која кај „Jazz“ изгледа воздржано и созреано.

jaz3

Во моментот е потврдено дека моделот ќе се нуди со 1,3-литарски бензински мотор „Earth Dreams“. Тој генерира 102 КС и ќе може да биде комбиниран со мануелен менувач со 6 брзини или со „CVT“.

Сите детали за моделот ќе бидат презентирани во Женева, каде „Honda“ ќе ја претстави и новата генерација на „H-RV“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП